Објавени мотото и логото за посетата на Папата во Ирак

Објавени мотото и логото за посетата на Папата во Ирак

Католичката црква во Ирак ги објави мотото и логото за посетата на папата Фрањо на таа земја, која треба да се одржи од 5 до 8 март 2021 година.

На логото, папата Фрањо е опкружен со границите на Ирак и со реките Еуфрат и Тигар и палма, а во горниот дел се наоѓаат знамето на Ватикан и Ирак, а подолу се наоѓа гулаб на мирот. Логото во горниот дел го опкружува мотото на патувањата на Папата на арапски, калдејски и курдски јазик: „Вие сте сите браќа“ од евангелието според Матеј (23, 8), а во исто време е поврзано со новата енциклика на Папата „Fratelli tutti” (Сите сме браќа)“ – објави Калдејскиот католичка патријаршија на својата Фејсбук страница.

Во интервју за Канал 5 во неделата на 10 јануари, Папата меѓу другото рече дека во моментот не е сигурен дали патувањето ќе се оствари, со оглед на состојбата со пандемијата на коронавирусот и не сака да предизвика големи собири на луѓе. Светиот Престол сè уште ја нема објавено програмата, ниту пак детали за посетата. Ова би било прва посета на Папа во Ирак. Освен пандемијата, безбедносната состојба е голем предизвик и за организаторите на патувањето.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот