Папата: На Црквата и се потребни луѓе кои ја пренесуваат светоста како зараза

Папата: На Црквата и се потребни луѓе кои ја пренесуваат светоста како зараза

Во говорот упатен до здружението „Носачи на Света Роза“, кои ги прими во аудиенција во четврток 11 јануари 2024 година, Папата потсети на примерот на таа млада жена од Витербо која живеела во 13 век, која го ширела Евангелието избирајќи апсолутно сиромаштво и милосрдие: важно е да се сведочат овие вредности со вера, сила и понизност

Историјата на здружението „Носачи на Света Роза“, заштитничка на италијанскиот град Витербо, влече корени во XIII век. На нејзиниот споменден, 4 септември, ѝ претходи спектакуларна поворка со таканаречената „макина“, односно кула на Света Роза, која е вклучена во нематеријалното културно наследство на човештвото на УНЕСКО од 2013 година. Задачата на „носачите“, кои денеска папата Фрањо ги прими во аудиенција, е да ја носат кулата низ градските улици и плоштади.

Примајќи ги во Ватикан, Светиот Отец накратко ги поздрави и им врачи подготвен говор во кој го спомна мистичното искуство на младата Роза, која избра апсолутно сиромаштвоа и посветеност на милосрдието и беше вистинска движечка сила, прегрнувајќи многу други луѓе со нејзината љубов кон Исус. Таа е модел кој треба да се наследува.

Такви светци ни требаат и денес: луѓе кои не седат со влечки во фотелја, туку кои горат од незапирлива желба да живеат и да го навестат Евангелието, страсно станувајќи заразни во светоста.

Запознајте ги другите со Евангелието преку Света Роза

Папата од носачите на кулата на Света Роза побара да продолжат да го пренесуваат споменот на заштитничката на Витербо, преку нивната служба и вклученост во христијанскиот живот и посочува дека носењето на градбата – висока околу триесет метри и просечна тежина од повеќе од педесет квинтали, над која е поставена статуа на светителката – е спектакуларен знак кој сака да го прикаже големиот пример на Света Роза, преку која се шири Евангелието.

Тоа е најважно: да ги запознаеме другите со Евангелието преку Света Роза; и правете го тоа заедно, обединети и солидарно, живеејќи ги нејзините вредности со вера, сила и волја, почит и смирение затоа што, во поворката како и во животот, никој не може сам да постигне толку голем потфат, како што велат вашите статути и како што потсетува мотото кое заедно го изговарате додека чекорите: „Сите сме со исто чувство“.

Во текстот што им го даде папата Фрањо, им се заблагодарува за многуте добротворни, културни и морални активности што ги спроведуваат и ги охрабрува да ја одржат во живот традицијата на празнување на празникот Света Роза Витербска.

Здружението „Носачина Света Роза“ на папата Фрањо му подари типична кожна подлога на насачите кои ги заземаат местата под основата на кулата, додека градителот на последната кула, Винченцо Фиорило и креаторот Рафаеле Аскенцио, му подарија модел на кула висока 1 метар и 20 сантиметри.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот