Папата: Црквата е место за средба

Папата: Црквата е место за средба

Папата Фрањо на 15 ноември 2018 година ја прими во аудиенција заедницата на Папскиот латиноамерикански завод од Рим по повод 160 годишнина од неговото основање. И Црквата би можела да се раздели – рече Папата – ако заборави дека е место за средба.

И во Црквата постои инвазија од „идеолошки колонизации“ – предупреди папата Фрањо примајќи ja во аудиенција заедницата од Папскиот латиноамерикански завод во Рим по повод 160 годишнината од неговото основање. Новите генерации искорените и разделени! – истакна Папата. Црквата е запознаена со таа ситуација и е изложена на тоа искушение; подложна на таа средина би можела да се дезориентира како жртва на една или друга поларизација, или да биде искоренета ако го заборави нејзиниот повик да биде простор за средба – со тој повик на внимание за да не паднат во појавата „културна фрагментација“ и „загуба на корените“ кои ја следат, Папата изрази загриженост заради една од најопасните појави кои го погодуваат американскиот континент.

Свештениците – творци на заедништвото

Спомнувајќи го апостолскиот поттик „Evangelii gaudium“, Папата потсети дека конкретната солидарност меѓу свештениците е најголемата сила која Црквата ја има за да ја гради историјата и за да ги води заедниците кои знаат да се отворат за другите за да даваат надеж. Нашиот континент ранет со стари и нови рани му требаат творци на односи и заедништво, отворени и полни со доверба во новоста која денес може да ја донесе Божјото царство.

Тоа отсега може да започне да се развива. Некој свештеник во својата парохија, во својата бискупија може многу да направи; и тоа е добро – напомена Папата – но се наоѓа исто така во опасноса да се изгори, изолира или да работи само за себе. Да се чувствуваш дел од свештеничка заедница во која сите се важни – не затоа што се група луѓе кои живеат заедно, туку заради односите кои ги создаваат меѓу себе – може да се продлабочат и да се поттикнат процеси и динамики способни да го надминат времето. (…)

Примерот на свети Оскар Ромеро

Повикувајќи ги присутните да бидат евангелизатори со душата, развивајќи волја секогаш да бидат блиску до животот на народот, не одвојувајќи се никогаш од него, папата Фрањо потсети на примерот на свети Оскар Ромеро. Мислам дека е провидност тоа што ова годишнина можеме да ја поврзиме со канонизацијата на свети Оскар Ромеро, поранешен студент на вашата институција кој е жив знак на плодноста и светоста на Црквата во Латинска Америка. Тој човек е вкоренет во Божјото Слово и во срцето на својот народ. (…)

Не се плашете од светоста и потрошете го својот живот за народот – ги поттикна Папата присутните свештници.

Дружба Исусова

Папата на крајот своите мисли ги сврте на Дружбата Исусова која – како што рече – од почетокот го придружува одењето на тој завод. Една од карактеристиките на харизмата на Дружбата е да настојува да ги усогласи спротивностите не паѓајќи во редукционизам. Тоа е она што свети Игнациј го сакал кога размислувал за исусовците како луѓе на контемплацијата и акцијата, луѓе на распознавање и послушнос, ангажирани во секојдневниот живот и слободни да појдат – рече на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот