Папата Фрањо: Кога не дозволуваме да бидеме поучени од Бог, стануваме камен на сопнување

Ватикан, 29.6.2013 /к.мк/ – Кога надвладее логиката на човечката власт и не дозволуваме да бидеме поучени и водени од верата, од Бог, стануваме камен на сопнување “. Ова го рече папата Фрањо за време на светата Литургијата во базиликата Свети Петар на патрониот празник на Црквата во Рим. Пред светата Литургија папата Фрањо на 34 митрополити додели палиум, како знак за единството со епископот на Рим и симбол на загубената овца и Добриот Пастир, кој го дава животот за своето стадо. На свеченоста присуствуваше делегација од Вселенската патријаршија, предводена од Пергамскиот митрополит Јоанис Зизиулас. „Едно во различноста”: тоа е патот на Исус, истакна Светиот Отец.

Во проповед Папата го истакна присуството на новите митрополити, како знак за единството на Црквата, што пак не значи унифицирање. Различноста, посочи папата Фрањо е едно големо богатство:

Големо богатство, што ни да дава во некоја смисла да го живееме настанот на Педесетница: денес, како и тогаш, верата на Црквата зборува на сите јазици и сака да ги обедини народите во едно единствено семејство.

„Различноста” – продолжи папата Фрањо – во Црквата се темели секогаш на хармонијата на единство, како еден голем мозаик во кои сите каменчиња ја создаваат единствената и голема Божја промисла”.

Ова треба да нè поттикне секогаш да го надминуваме секој конфликт, кој го ранува телото на Црквата. Обединети во разликите: тоа е патот на Исус!

Епископот на Рим – рече Папата – е повикан да зацврстува во единство на верата и љубовта. Воден од евангелската слика за исповедта на Петар пред Исус, тоа е можно, бидејќи доаѓа одозгора: Ти си Христос, Син на живиот Бог“, по што следуваат зборовите на Месијата: „Ти си Петар, и на тој камен ќе ја изградам Црквата своја”, при што папата Фрањо ги предупреди христијаните и служителите на Црквата за опасноста да не мислат според логиката на светот:

Кога Исус зборува за својата смрт и воскресение, за Божјиот пат, кој не одговара на човечкиот пат на власта, во Петар се буди телото и крвта: „почна да се противи на Господ: …„тоа со тебе нема да се случи” (Матеј 16, 22). Зборовите на Исус се остри: „Бегај од Мене, сатано! Ти ми соблазан” (Матеј 16, 23). Кога дозволуваме да надвладеат нашите мисли, нашите чувства, логиката на човечката сила и не дозволуваме да бидеме поучени и водени од верата, од Бог, стануваме камен на сопнување.

Следуваат зборовите на свети Павле, „верата ја запазив”, кои го поттикнаа да го отфрли секое недоразбирање: битката предводена од апостолот на народите, не е онаа со човечко оружје, битка која „за жал продолжува да го облива со крв светот”, туку она на мачеништвото.

Свети Павле има едно единствено оружје: посланието на Христос и дарување на целиот негов живот за Христос и за другите. Тоа значи да се изложи на првата линија, да дозволи да биде исторшен за Евангелието, да бидеме сè за секого, без да се штеди, што го направи веродостоен и градител на Црквата. Епископот на Рим е повикан да живее и да утврдува во оваа љубов кон Христос и кон сите без разлика, ограничувања и бариери. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<