Папата ќе се обрати на Генералното собрание на ОН

На 25 септември папата Фрањо ќе го посети главното седиште на ОН во Њујорк каде ќе има обраќање на Генералното собрание

Ова го потврди Генералниот секретар на Светската организација Бан Ки-Мун во соопштение, истакнувајќи дека тоа ќе биде важен настан во годината, кога ОН ја одбележува својата 70-та годишнина.

Бан Ки Мун е убеден дека „посетата на Папата ќе ја поттикне меѓународната заедница да ги засили напорите во заштита на човековото достоинство и да обезбеди поголема социјална правда, толеранција и разбирање меѓу сите народи”.

Посетата на папата Фрањо на САД е по повод неговото учество на Светската средба на семејствата во Филаделфија. Предвидена е и посета на Вашингтон.

Папата Фрањо е на пат да стане првиот Папа кој ќе зборува пред американскиот Конгрес. Папата Павле VI е првиот Папа кој ги посетил САД.

Светиот Престол од 1964 година има статус на постојан набљудувач во ОН, а во моментов го претставува монс. Бернардино Ауза.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот