Папата на Велигден упати писмо до членовите на народните движења и здруженија

Папата на Велигден упати писмо до членовите на народните движења и здруженија

На Велигден додека светот продолжува да живее во вонредни околности од пандемијата предизвикана од болеста Ковид-19 и додека расте загриженоста од последиците кои ќе ги остави посебно за сиромашните, папата Фрањо упати писмо до „браќата и сестрите членови на народните движења и здруженија“ со кои води континуиран дијалог од почетокот на својот понтификат.

„Знам дека сте исклучени од благодатите на глобализацијата“, пишува папата Фрањо во писмото од 12 април. „Не уживате во површните задоволства кои умртвуваат многу совести, но секогаш ги трпите штетите кои тие ги предизвикуваат. Болестите кои ги погодуваат сите, а вас ве погодуваат двојно потешко.“

„Многумина од вас живеат од денес за утре без никакви законски сигурности кои би ве заштитиле. Уличните продавачи, собирачите на рециклирачки отпад, малите земјоделци, градежни работници, кројачи, различни видови негуватели, сите вие кои немате постојан приход кој ќе ви овозможи да го пребродите овој тежок период.“

„Чукна часот да се размислува за предлогот за универззална основна плата со која би се признала големата вредност на благородните, важни задачи кои ги извршувате. Тоа би обезбедило и со тоа конкретно би се постигнал идеалот во исто време човечки и христијански да не бидат работниците лишени од правата,“ истакна Папата.

Во писмото исто така се наведува: „Се надевам дека владее разбирањето дека технократските парадигми (без разлика дали во центарот им е државата или пазарот) не се доволни за решавање на овие кризи или на други големи проблеми со кои се мачи човештвото.“

Истакнувајќи дека во кризата предизвикана со коронавирусот често се користат „метафори налик на воени“, на членовите на народните движења Папата им порача дека се „невидлива војска која се бори во најопасните ровови; војска чие единствено оружје е солидарноста, надежта и заедничкиот дух, сето она што одново оживува во време кога никој не може да се спаси сам.“

„За мене сте општествени поети од заборавените периферии во кои живеете создавате восхитувачки решенија за најнеопходните проблеми кои ги погодуваат маргинализираните.“ Изразувајќи жалење што секогаш остануваат непризнати, Папата рече дека „решенијата на пазарот не ги достигнуваат перифериите, а заштитата на државата таму речиси е невидлива.“

Замислувајќи ја иднината после пандемијата Папата рече дека „сакам сите да размислуваме за проектот за целосен човеков развој за кој долго копнееме и кој се заснова на централната улога и иницијатива на луѓето во сите нивни разноликости, како и на универзалниот пристап на работата, живеењето и на земјиштето и храната.“

Се надевам дека ова опасно време ќе нè ослободи од автоматизмот во делувањето, ќе ја раздрма нашата заспана совест и ќе ни овозможи хуманистичко и еколошко преобраќање кое ќе стави крај на идолопоклонството на парите и ќе го стави во центар човечкиот живот и достоинство“, истакнува Папата. „Нашата цивилизација – толку конкуретна, толку индивидуалистичка, со своите избезумени ритами на производство и потрошувачка, со екстравагантни раскоши, со своите неразумни заработувања само за неколкумина – мора да се освести, да се преиспита и обнови.“

На членовите на народните движења Папата во таа смисла им порача: „Вие сте незаменлив градител на овие промени кои повеќе не можат да се одложуваат. Уште повеќе кога сведочите дека промената е возможна, вашиот глас е авторитативен. Сте ги запознале кризата и тешкотиите, кои со скромна, достоинствена, посветена, напорна работа и солидарност успеавте да го претворите во ветување животот за своето семејство и за своите заедници.“

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот