Во Твитер пораката која ја упати папата Фрањо на 11 август 2018 година Светиот Отец зборува за потребата од тишина, молчење и понизност пред Божјото таинство
Во тишина да учиме да го посматраме Божјото дело, кое ја надминува секоја имагинација – истакна папата Фрањо во пораката која ја прати преку Твитер. За потребата од тишина, молчење и понизност пред Божјото таинство, Светиот Отец зборуваше во пладневниот говор на 24 јуни оваа година на празникот Раѓање на свети Иван Крстител. Неговите стари родители, Елисавета и Захарија сонувале за тој ден и се подготвувале за него, но повеќе не го очекувале – рече Папата и додаде: Затоа што немале деца се чувствувале исклучени, понижени и разочарани.
По навестувањето дека ќе му се роди син, Захарија не поверувал, бидејќи природните закони тоа не го дозволувале – потсети Папата. Затоа Господ го направи да биде нем до моментот на раѓање. Тоа било знак. Бог, имено, не зависи од нашата логика и нашите ограничени човечки способности. Соочени со Божјото таинство, треба да научиме да се надеваме и да молчиме во понизност и тишина да го посматраме неговото дело, кое се отсликува во историјата и многу пати ја надминува нашата моќ за препознавање – рече папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк