Посетата на Папата на Чиле во знакот на „одржливоста“

Посетата на Папата на Чиле во знакот на „одржливоста“

Посетата на Папата на Чиле е на „одржлив“ начин во согласност со упатствата од „Laudato Si“ и според личната желба на Папата, истакна отец Фелипе Херера, раководител на Канцеларијата за печат за посетата на Светиот Отец на таа земја.

Во разговор за Vatican News, Херера изјави дека најтешката задача е информациите кои се испраќаат за престојот на Папата во Чиле да ги допрат срцата на луѓето во светот кој е преполн со информации. Луѓето се изложени на пораки кои постојано им пристигнуваат, па мораме да направиме сè за да им овозможиме евангелската порака да го најде патот преку шумата од информации и да го најде своето место во медиумите и на социјалните мрежи, истакнува Херера.

Чилеанското општество стана сѐ повеќе поделено, истакна додавајќи дека индивидуализмот и недостатокот на соработка во општеството се главните фактори за општествената криза. Затоа тој се надева дека папата Фрањо во Чиле ќе каже зборови кои ќе помогнат едни со други да се гледаат како браќа. Папата нема да зборува само за Чиле, туку и за светот, за сите доселеници нехристијани и неверници, истакна Херера, предупредувајќи дека Светиот Отец е морален авторитет кој има многу да каже за различните кризи во светот. Неговата порака може да го охрабри оној чие срце е отворено, рече Херера.

Посетата на Папата на Чиле е подготвена на одржлив начин, а подготвени се и документи, чија цел им е да ја вдахнат одржливоста и тоа во областа на животната средина, економијата и целокупното општество. Многу од нив кои се вклучени во организацијата за посетата на Папата не се верници, но на секој му дадовме примерок од „Laudato si“ и сите се согласуваат. Во организацијата за престојот на Папата во Чиле се трудевме да ја намалиме емисијата на CO2, местата на кои Папата ќе има света Литургија и средби и да ги одржиме чисти, отколку како што биле пред средбата, луѓето со инвалидитет ги смествме во првите редови, обезбедивме преведувачи за глувите луѓе и целосна економска транспарентност.

Го објавивме тршковникот и буџетот за посетата на папата Фрањо на Чиле, а кога Папата ќе си замине од земјата ќе ги објавиме сите донации и сите трошоци затоа што сакаме да делуваме со целосна транспаретност за која се залага папата Фрањо, рече раководителот на националниот прес центар за посетата на Папата на Чиле.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот