Папата Фрањо од петок во Унгарија, во центарот на Европа погодена од ветровите на војна

Папата Фрањо од петок во Унгарија, во центарот на Европа погодена од ветровите на војна

По молитвата Царице небесна на 23 април 2023 година, Папата го спомна претстојното апостолско патување во Будимпешта, од 28 до 30 април, и конфликтот во Украина, кој влијае на многу браќа и сестри кои се принудени да бегаат. Истовремено, тој ги истакна итните хуманитарни прашања.

Патувањето во Унгарија, кое започнува во петок, во центарот на Европа каде сè уште дуваат ледените ветришта на војната, веќе е во срцето на папата Фрањо на денешната трета Велигденска недела. Во петок, потсети тој, дека три дена ќе престојува во Будимпешта, Унгарија, за да го надополни патувањето на кое беше во 2021 година, по повод Меѓународниот евхаристиски конгрес.

Тоа патување исто така ќе биде во центарот на Европа каде што продолжуваат да дуваат ледените ветришта на војната додека движењата на многу луѓе ги ставаат на дневен ред итните хуманитарни прашања.

Римскиот бискуп потоа директно им се обрати на браќата и сестрите во Унгарија во исчекување – како што рече – да ве посетам. Знам дека со многу труд го подготвувате моето доаѓање. Ви благодарам од сѐ срце за тоа. Ве молам сите да ме придружувате во молитва – рече папата Фрањо и веднаш поттикна да не се заборават нашите браќа и сестри во Украина, сè уште погодени од војната.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот