Во Штип се одржа Божиќен концерт

Во Штип се одржа Божиќен концерт

Во организација на Заедницата на Хрвати „Либертас“ од Штип и парохијата „Свето Благовештение“ – Штип во католичката црква во Штип во сабота 23 декември 2023 година се одржа Божиќен концерт, на кој присуствуваше Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх, како и свештеници, чесни сестри, претставници на МПЦ-ОА, верници од Штип и други места.

На концертот настапи Горан и Ленче Кукиќ со групата Јупитер и дел од катедралниот хор од Струмица, а беа изведени традиционални божиќни хрватски и македонски песни. Модератор беше Ѓорги Калајџиев.

На крајот од концертот се обрати бискупот Стојанов, кој го искажа своето задоволство за овој прекрасен настан, воедно благодарејќи на сите кои го дадоа својот придонес во организацијата и реализацијата на божиќниот концерт. На крајот од неговото обраќање на сите им посака на сите благословен Божиќ и среќна нова година.

Во име на Заедницата на Хрвати „Либертас“ од Штип, претседателката на заедницата Долорес Петров и други активни членови на присутните им поделија папрењак традицонален хрватски колач.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот