Папата: За исповедање на верата во Христос потребни се конкретни гестови

Папата: За исповедање на верата во Христос потребни се конкретни гестови

Затоа да кажеме дека веруваме во Исус не може да биде само прашање на зборови, потребни се одлуки и конкретни гестови, обележани со љубо кон Бог и ближниот.

Кој е Исус? Тоа прашање кое го предлага денешното литургиско читање од Евагелието според Марко (8, 27-35) беше во центарот на размислувањето на Папата пред богородичната молитва Ангел Господов, во неделата на 16 април 2018 година.

„За кого Ме мислат луѓето?“

Исус пред тоа сака да знае што зборуваат луѓето за Него, а добро знае дека учениците се многу чувствителни на популарноста на својот Учител – рече папата Фрањо во пладневниот наговор пред молитвата Ангел Господов. Од одговорот произлегува дека народот Исус го смета за голем пророк. Но, Него всушност не го интересираат истражувањата и приказните на луѓето. Тој не го прифаќа ниту тоа, учениците на неговите прашања да одговараат веќе со воспоставена формула, наведувајќи познати ликови од Светото Писмо, затоа што верата која се сведува на формули, е кратковидна вера – истакна Папата.

Исус во центарот на животот на христијанинот

За Исус тоа не е доволно, сака нешто друго, сака помеѓу Него и неговите ученици да се воспостави личен однос. Затоа ги прашува „А вие, за кого ме мислите?“ Тој тоа го прашува и на секој од нас може да се случи со ентузијазам да кажеме: Ти си Христос – рече Светиот Отец. Но, кога Исус јасно ни го кажува она што им го кажал на учениците, односно дека Неговото послание не се остварува на широките улици на успехот, туку на тешкиот пат на Слугата кој трпи, кој е понижен, отфрлен и распнат, може и на нас да ни се случи како на Петар да се побуниме и да протестираме, затоа што тоа не одговара на нашите очекувања, световни очекувања – рече Папата.

Исповедување на верата и конкретен живот

Затоа да кажеме дека веруваме во Исус не може да биде само прашање на зборови, потребни се одлуки и конкретни гестови, обележани со љубо кон Бог и ближниот – истакна Папата и додаде: За да го наследуваме Исуса треба да се откажеме од самите себе и да го земеме својот крст. Кој сака да го спаси својот живот, ќе го загуби – рече Светиот Отец и нагласи: Во животот често од различни причини, го грешиме патот, барајќи среќа во работите или во луѓето кон кои се однесуваме како кон предмети. Но, среќата ја пронаоѓаме само кога ќе ја сретнеме љубовта, она вистинската, која нѐ изненадува, која нѐ менува. Љубовта сѐ менува и може да нѐ промени и нас! Секој од нас – истакна на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот