Папата: Носете им го Исус на оние во потреба

Од секој од вас се бара едноставно не да одите во пресрет на оние во потреба, туку да им одите носејќи им го Исуса – рече Папата Фрањо на членовите на здружението Круг на свети Петар кои на 9 мај 2016 година ги прими во аудиенција.

Им рече дека ја претставуваат Црквата „во излез“ која „оди за да ги бара, посетува, сретнува, слуша, споделува и да застанува пред најсиромашните луѓе.“ Станува збор за послание на „учениците, Господовите пријатели“, „споделување на неговите зборови“ и вршење на „неговите дела на простување, љубов, дарување; не барање на сопствената слава, туку доброто за другите.“

За пример Папата им ја предложи Пресвета Богородица „која во посебна побожност ја молиме во мај“. Како неа – рече Папата – не изморувајте се брзо да излезете пред другите и да им донесете средба со Бог. Блажената Девица е „икона на верата“, а само во верата можеме да го „носиме Исус, а не самите себе.“ Во Светата Година додека се трудиме да правиме дела на милосрдие повикани сме да се обновиме во верата. „Треба да ја „култивираме верата“ која се „раѓа од слушањето на Словото Божјо и бара длабоко заедништво со Исус“ – рече Светиот Отец.

Светиот Отец ги поттикна членовите на здружението да продолжат со сведочењето на Евангелието со љубов, секогаш сѐ повеќе да бидат „знак и средство на Божјата нежност кон секој човек посебно најранливите и најотфрлените.“ Исто така им се заблагодари за „Петровиот денар“ – посебно милостињата која ја собираат по накана на Светиот Отец. „Нека вашата вредна и за пофалба пофалба каритативна активност биде подржана со молитва за да црпите од Христовото срце љубов кон браќата“ – рече Папата.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот