За Папата реформа е создавање на менталитет на служење

За Папата реформа е создавање на менталитет на служење

Директорот на канцеларијата за печат на Светиот Престол, Грег Бурке одржа брифинг за работата на Советот на деветмината кардинали кој во Ватикан заседаа од 11 до 13 декември 2017 година, притоа расправајќи за реформата на Римската курија.

На средбите учествуваше и папата Фрањо, а меѓу останатото се разговараше  и за новиот мултимедијален портал VaticanNews, кој го најави префектот на Секретаријатот за комуникација, монс. Дарио Едуардо Вигано.

По брифнгот Грег Бурке за ватиканските медиуми изјави дека во последната серија состаноци се разгледувал остварениот напредок и се размислувало за можни прилагодувања. Тој рече дека за трите нови дикастерии таа средба била еден вид на контрола. Станува збор за Секретаријатот за комуникација, Дикастеријата за лаици, семејство и живот и Дикастеријата за промовирање на целосен човеков развој.

Средбата на кардиналите во оваа недела беше и прилика за размислување за Куријата како средство за евангелизација и служење на Светиот Отец и локалните Цркви. Членовите на Советот на посебен начин ги разгледуваа четирите дикастерии: Конгрегацијата за клер, потоа Конгрегацијата за евангелизација на народите, Конгрегацијата за католичко воспитување, и Папскиот совет за култура. Значаен дел од работата беше посветен на преглед на извештаите кои ги подготви кардиналот Кевин Фарел, префект на Дикастеријата за лаици, семејство и живот, како и на извештајот кој го подготвија о. Мајкл Черни и о. Фабио Баџо, потсекретари на Одделот за мигранти и бегалци во Дикастеријата за интегрален човеков развој.

Според мислењето на Грег Бурке, главната грижа е излевањето на духот на служењето во различните оддели на Римската курија. За Папата реформата не е само реформа на структурата и промената на документите – продолжи – туку пред сè е создавање на менталитет, и тоа менталитет на служење, дека Светиот Престол е во служба на локалните Цркви. Тој менталитет треба да биде духот на служењето и евангелизацијата – рече на крајот директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол. Додаваме и тоа дека следната средба на Кардиналскиот совет ќе се одржи од 26 до 28 февруари 2018 година.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот