Папата испрати 100.000 евра за сиромашните во Алепо

Папата испрати 100.000 евра за сиромашните во Алепо

Откако служеше света Литургија за Сирија, папата Фрањо испрати 100.000 евра за сиромашните во сирискиот град Алепо.

На 10 март 2017 година – како што извести заменик директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Палома Гарсија Овејеро – Папата во Арича служел света Литургија за Сирија и испратил 100.000 евра за сиромашните во Алепо, заблагодарувајќи се и на придонесот на Римската Курија. Дарот на оние во потреба ќе биде доставен по пат на Апостолската милостилница и Кустодијата на Светата Земја.

Во меѓувреме по завршетокот на духовните вежби, Папата околу 11.30 часот се врати во Ватикан. Вечерта замина во Римскиот викаријат за да се сретне со паросите префекти во Римската бискупија. Станува збор за приватна средба која спаѓа во нормалната пракса во животот на Црквата – рече заменик директорот на Канцеларијата за печат на Светиот престол.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот