Папата со учениците од фондацијата Scholas Occurrentes

Папата со учениците од фондацијата Scholas Occurrentes

После светата Литургија во Меделин, Папата се сретна со група ученици од фондацијата со папско право Scholas Occurrentes.

Станува збор за меѓународна мрежа на јавни и приватни училишта, основана пред повеќе од 20 години во Аргентина, на поттик на на тогашниот надбискуп Бергољо. Тие училишта се т.н. „училишта на средба“, реалност која денес е вкоренета во целиот свет, а чија лозинка е „не на исклучувањето, да на вклучувањето.“ Таа фондација денес е присутна во 190 земји во светот, со речиси 45.000 институции.

Младите на Папата му ги претставија своите надежи и тешкотии, и му се заблагодарија што го поттикнал основањето на таа образовна реалност, толку поинаква од другите. Папата Фрањо пак им се заблагодари што го избрале тоа воспитно искуство кое сака да постигне хармонија по пат на формација и култура, и поттикна меѓу врсниците да се промовира тој вид на воспитание.

Потсетуваме како во други прилики, Папата истакна дека Scholas Occurrentes нема „личности НЕ“, туку сите имаат вредност. Често и на воспитното подрачје се размислува според елитните шеми, но овде – истакна Папата – сите мора да имаат еднакви можности, посебно кога станува збор за младите кои започнуваат да живеат и кои се подготвуваат за делување во општеството на утрешнината.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот