Папата се сретна со венецуелските бискупи

Папата се сретна со венецуелските бискупи

Папата Фрањо во четврток на 8 јуни 2017 година ги прими во аудиенција членовите на претседателството на Епископска конференција на Венецуела. Средбата е одржана во момент на тешка хуманитарна, политичка и економска криза во таа латиноамериканска земја.

Во протестите против претседателот Николас Мадуро, кој започнаа на почетокот на април, веќе загинаа повеќе од 65 луѓе. Последната жртвата е 17 годишно момче, убиено вчера во Каракас во протестите до кои дојде откако Националниот изборен совет закажа за 30 јули избори за уставното собрание. Сакаме да се сретнеме со Светиот Отец кој покажа голем интерес, загриженост и голема љубов кон Венецуела, која е во толку тешка ситуација – рече изминатите денови кардинал Хорхе Уроса Савино, надбискуп на Каракас.

Средбата на папата Фрањо со венецуелските епископи е одржана во навистина чувствителен момент за таа земја, но тој ја пробудува надежта на локалната Црква, како и на бројните невладини и непрофитни организации кои работат за тамошното население кое е првата жртва на економската, политичката и хуманитарната криза која е во тек. Една од тие организации е и здружението „Латинска Америка – Италија“. Нејзината советничка Асинта Марија Ви Тино, во разговор за Радио Ватикан се осврна на ситуацијата во Венецуела и пред сѐ истакна дека Црквата никогаш не ги напуштила браќата во Венецуела. Уште повеќе – додава Црквата во Венецуела е многу загрижена, затоа што состојбата секој ден е сѐ полоша.

Осврнувајќи се на најитните проблеми, советничката најпрво ја истакна многу тешката хуманитарна криза во која се наоѓа таа земја, затоа што – како што кажа – луѓето протестираат веќе два месеци, и во тој период загинаа повеќе од 60 луѓе. Друг многу голем проблем е храната, која ја нема доволно за да се прехрани населението. И недостатокот на слободата на изразување е еден од многу големите проблеми – истакна Асунта Марија и додава дека информациите кои ги имаат, успеваат да ги добијат благодарение на интернет, Фејсбук, Твитер, додека теливизиските информативни програми зборуваат за потполно други работи, а со тоа се прикажуваат сапуници… Изгледа како да не постоиме, како да живееме во некој паралелен свет. (…)

Во сето тоа Црквата пак прави големи работи. Секоја црква, секоја парохија го организира тоа што го може: ораганизира распределба на малку лекови, која успева некако да ги добие и собере; и организира денови во корист на храната – рече советничката од здружението „Латинска Америка – Италија.“

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот