Прва посета на латинскиот патријарх во Ерусалим кај православниот патријарх Теофил

Прва посета на латинскиот патријарх во Ерусалим кај православниот патријарх Теофил

Латинскиот патријарх во Ерусалим, Пјеребатиста Пицабала (55), во сабота 30 јануари 2021 година првпат ја посети грчката православна патријаршија во Ерусалим од неговото устоличување во декември 2020 година.

Тој беше пречекан од грчкиот православен патријарх во Ерусалим Теофил III. кој го поздрави „не како странец, туку како стар и добар пријател“ – се вели во соопштението од состанокот. Поранешниот фрањевски кустод, а потоа и надбискуп, папата Фрањо за патријарх на Католичката црква во Светата Земја именува духовник кој ги разбира проблемите и предизвиците со кои се соочуваат христијанските заедници денес – истакна патријархот Теофил, додавајќи дека тој досега успешно соработувал со патријархот Пицабала.

Во својата триесетгодишна активност во Светата Земја, Пицабала се покажа како верен душогрижник за верници кои му беа доверени. Тој исто така придонесе многу за екуменската соработка на заедниците од сите вероисповеди, што веќе вроди со плод, имајќи ги предвид многуте предизвици и е важна за одбрана на христијанското присуство во Светата Земја и зачувување на интегритетот на светите места за целиот свет – рече грчкиот Православен патријарх.

Посебно ја истакна важноста на растечката меѓусебна доверба меѓу Латинската и Православната црква и посветеноста на Пицабала за возобновување на црквата на Светиот Гроб. Бидејќи пандемијата ја направи христијанската мисија уште посложена и поитна, меѓусебното почитување и соработка сега се поважни од кога било – рече патријархот Теофил.

Ватикан нуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот