Кардинал Џовани Батиста Ре  е нов декан на Кардиналскиот колегиум

Кардинал Џовани Батиста Ре  е нов декан на Кардиналскиот колегиум

Папа Фрањо ја одобри одлуката на кардиналите од редот на бискупи кои за нов декан на Кардиналскиот колегиум го избраа кардиналот  Џовани Батиста Ре; негов заменик ќе биде кардинал Леонардо Сандри

Кардинал Џовани Батиста Ре, титуларен бискуп на цркават во Сабина – Поџо Мирето, е нов декан на Кардиналскиот колегиум. Таа одлука на кардиналите од редот на бискупи Папата Фрањо ја одобри на 18 јануари. Кардиналот Ре истовремено ќе го превземе и насловот на субурбикарна црква во Остија.

Освен тоа, Папа Фрањо на 24 јануари го одобри изборот на кардиналот Леонардо Сандри, раководител на Колегиумот за Источните Цркви, на должност заменик декан на Кардиналскиот колегиум.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот