Папата: Одговор на плачот на Земјата и сиромашните и конкретна солидарност со украинскиот народ

Папата: Одговор на плачот на Земјата и сиромашните и конкретна солидарност со украинскиот народ

По молитвата Ангел Господов, Папата ја спомена конференцијата за клима што се одржува во Египет и изрази благодарност до оние кои се вклучени во промовирањето на иницијативите на акциската платформа Лаудато си. Повторно ја поттикна близината со измачениот украински народ преку молитва и конкретна солидарност

По молитвата Ангел Господов во недела 13 ноември 2022 година, Папата потсети Акциската платформа Laudato si, која зпаочна пред една година и промовира еколошко преобраќање и начин на живот во согласност со неа. Во оваа прилика папата Фрањо им се заблагодари на сите што се приклучија на таа иницијатива. Станува збор за 6.000 учесници, меѓу кои поединци, семејства, здруженија, компании, верски, културни и здравствени установи. Тоа е одличен почеток за седумгодишно патување кое има за цел да одговори на плачот на земјата и на плачот на сиромашните – додаде Светиот Отец. Го поттикнувам ова послание, кое е клучно за иднината на човештвото, со цел да се поттикне конкретно ангажирање кај сите во грижата за созданието.

Во тој поглед, Петровиот наследник потсети на климатската конференција COP27 која се одржува во Египет. Се надевам дека по стапките на Парискиот договор ќе се направи исчекор, смело и решително – рече Светиот Отец и уште еднаш охрабри да бидеме блиски со украинскиот народ.

Секогаш да бидеме блиску до нашите браќа и сестри на напатената Украина. Блиску со молитва и конкретна солидарност. Мирот е можен! Да не се помируваме со војна.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот