Личениот однос со Бог е првиот услов за соочување со проблемите

Личениот однос со Бог е првиот услов за соочување со проблемите

Луѓето бараат интелегинтни суштества на другите планети, но малку се оние кои ги бараат и проучуваат знаците на живото битие кое ја создало вселената.

Притиснати од задачите кои треба да се завршат, проблемите кои треба да се решат, предизвиците на кои треба да одговориме, би можеле да го загубиме од вид или да го оставиме во позадина својот личен однос со Бог, кој е првиот услов за да можеме да се соочиме со сите ситуации и проблеми со кои се среќаваме, а да не го загубиме мирот и трпението – рече папскиот проповедник отец Раниеро Канталамеса, во текот на првата божиќна проповед одржана во присуство на папата Фрањо во капелата „Редемторис Матер“, во Апостолската палата во Ватикан. Неговите размислувања ќе го обележат патот кон Божиќ и ќе бидат како „утринско капења во верата“ пред почетокот на работниот ден.

Оставете на страна сè што се однесува на сегашните проблеми, за целосно да се посветите на знаците од живиот Бог, во постојано и смирено присуство – поттикна отец Канталамеса и истакна: Луѓето во нашето време ги воодушевува барањето знаци за постоење на живи и интелигентни суштества на други планети. Тоа истражување е дозволено, иако е многу несигурно. Но, малку се оние кои бараат и ги проучуваат знаците на живото суштество кое ја создаде вселената, кое влезе во неа, во нејзината историја и живее во неа. Имаме жива реалност меѓу нас, ја занемаруваме за да бараме некои други можни живи суштества, кои во најдобар случај би можеле да направат нешто за нас, но сигурно не би можеле да нè спасат од смртта.

Божјиот Син пред сите времиња и географски положби вети дека наспроти малите работи кои ги бараме, ќе ни се даде самиот Себе – рече проповедникот на Папскиот дом.

Отец Канталамеса во своето размислување изнесува примери, животи, цитира луѓе кои размислуваат за животот и оние на кои искра на разумот им донела просветлување. Тој се занимава со преобратени на кои во одреден момент од животот изненадно им се објавува Божјото постоење, откако со целото срце го занемарувале и одбивале. Тоа му се случило и на францускиот новинар Андре Фросард кој умира на 2 февруари 1995 година, а која изненадно станува свесен за Бог.

Папскиот проповедник предупреди на искушението божественото да го затвориме во дефиниција, па и ако се темели на Библијата. Она што можеме да го направиме е да ги надминеме слабите знаци на признавање со кои луѓето ја обележале Неговата површина, да ги разбиеме малите школки со своите идеи за Бог и садовите од алабастер во кои го држиме затворено, така што неговиот мирис да се рашири по целата куќа. Божественото е потполна различна реалност од секоја друга, не може да биде дефинирано, туку само малку откриено, за Него може само да се зборува во аналогии и спротивности. Така за Бог ни зборува библиската сцена за карпата.

Карпата не е апстрактен поим, не кажуваме само што е Бог, туку и што ние мораме да бидеме. Карпата е направена за да се качиме на неа за таму да најдеме засолниште, не е само затоа да ја набљудуваме одалеку. Карпата привлекува и буди страсти – рече проповедникот и потсети: Свети Фрањо Асишки имал во животот моменти на темнина и очај, бидејќи видел отстапување од оригиналниот начин на живот на своите браќа монаси. Меѓутоа бил придвижен од сигурноста дека Бог постои и дека тоа е доволно. Да научиме и ние да ги повторуваме тие едноставни зборови кога во Црквата или во својот живот ќе се најдеме во слични прилики како свети Фрњо: Бог постои и тоа е доволно! – заврши отец Раниеро Канаталамеса.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот