Нова седница на Кардиналскиот совет

Нова седница на Кардиналскиот совет

Во понеделник 2 декември 2019 година Кардиналскиот совет започна нова седница на која ќе се разговара за реформи во Римската курија. Седниците како и досега ќе се одржуваат до среда, а ова е 32 седница на Кардиналскиот совет, кој го основа папата Фрањо во 2013 година.

Поточно, кардиналите кои се во Кардиналскиот совет, со папата Фрањо ќе разговараат за повратните информации за предлог законот за ватиканската конституција. Оваа Апостослка конституција со наслов „Praedicate Evangelium“ пред повеќе од половина година беше доставен до другите институции на Римската курија, како и на Епископските конференции со молба да дадат свои предлози. Произлезените предлози за надоплонувања и измени ќе бидат вклучени во текстот.

Се очекува Ватикан во среда да информира подетално, откако ќе заврши расправата. Кардиласкиот совет во овој момент е составен од 6 кардинали.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот