Во ДР Конго убиен уште еден бранител на човековите права

Во ДР Конго убиен уште еден бранител на човековите права

Центарот за образование, анимација и заштита на човековите права објави соопштение поврзано со убиството на една личност која се бореше за заштита на човековите права во покраината Јужен Киву, на истокот на Демократска Република Конго.

Во покраината Јужен Киву, на истокот на Демократка Република Конго убиена е уште една личност која се борела за заштитата на човековите права – соопшти Центарот за образование, анимација и заштита на човековите права, а пренесе агенцијата „Фидес“. Масумбуко Бириндва на 21 август се упатил на состанок во врска со ослободувањето на четворицата хуманитарни работници, киднапирани ден порано на тоа подрачје. На враќање кон дома Бириндва е киднапиран, а неговото тело после 6 дена е пронајдено во грмушки.

Војната и човековите права во демократска Република Конго

Иако војната официјално е завршена во 2003 година, во Демократска Република Конго сѐ уште трае хуманитарната криза поттикната од голем број конфликти и непрекинато прекршување на основните човекови права на цивилното население. Се поголемо е насилството над жените, а зголемен е бројот и на бегалците внатре во земјата, како и на цивилите изложени на мачење, закани и уцени. Најлоша е состојбата во Северен и Јужен Киву, а причината за тоа е многу веројатно трговијата со оружје и експлоатацијата на природните богатства.

Бранителите на човекови права на мета

Во соопштението на Центарот за образование, анимација и заштита на човековите права стои дека активистите за човековите права и во минатото се киднапирани од страна на непознати луѓе, а понекогаш и од припадниците на силите на редот и безбедноста, и некои од нив се пронајдени мртви, а на други им се губи секаква трага. Заканите најчесто се анонимни, упатени по телефон, смс пораки, по пат на социјалните мрежи или напишани на рака. Кога заканите не се ефикасни се преминува на физичко насилство. Невладините здруженија на подрачјата Увира и Физи во покраината Јужен Киву и понатаму се обидуваат да го предупредат јавното мислење и меѓунардната заедница на заканите и насилството во земјата, но тие многу често за нив немаат слух.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот