Папата се јави на сестра Тереза
Папата Фрањо предизивка голема радост и возбудување со неочекуваното телефонско јавување на една вероучителка за време на наставата во едно основно училиште во италијанскиот град Касал ди Принчипе во близна на Наполи.
Светиот Отец и се јави на чесната сестра Тереза на нејзиниот мобилен токму за време на наставата. Кога се јави рече: Здраво, овде Папата, папата Бергољо! – изјави сестрата за италијанскиот дневник Corriere del Mezzogiorno.
Кога го слушна гласот на папата, сестра Тереза не можеше да ги контролира емоциите:
Папата, папата ми се јави на телефон! – јави на своите ученици кои исто така се воодушевија. Чесната сестра го стави мобилниот на „speaker“ за да можат сите да ги слушнат поздравните зборови на Светиот Отец.
Како што раскажа на новниарите, сестрата испратила писмо до Папата заедно со неколку фотофрафии од деца умрени од рак, за да предупреди на безаконието и мафијата, која неконтролирано фрла и пали отровен отпад во нивното место. Во тоа подрачје значително е пораснат бројот на заболени од рак. Во писмото го оставила и своето име и телефонски број.
Се чувствувам благословено. Папата заблагодари за писмото и изрази голема загриженост за децата во ова подрачје. Рече дека е добро информиран за тоа што се случува тука. Целата сум збунета. Веднаш по повикот, отидов да им ја пренесам веста на своите сестри, рече сестра Тереза и додава дека не очекувала да и се јави Папата и дека цело време и се треселе рацете од возбуда.
Месниот парох отец Маурицио Патричело се надева дека Папата ќе дојде во посета на овој регион за да предупреди на овој проблем во регионот и да поттикне решавање на истиот.
Катњуз/го*ко