Седум илјади деца од „Фабриката за мир“ ќе се сретнат со папата Фрањо

Седум илјади деца во понеделник, на 11 ма, ќе дојдат во Ватикан за да се сретнат со папата Фрањо и да разговараат за мирот, љубовта, прифаќањето  и интеграцијата.

Тоа ќе биде прв случај со таква иницијатива која на 5 мај ја покрена „Фабриката за мир“, со цел да се зголеми силата – на институциите, медиумите, црковните организации, невладините организации, силата во областа на работата и политиката – и тоа со цел да се изгради, „веднаш и за во иднина“, светот на мирот. На средбата, одржана во седиштето на Организацијата на Обединетите Нации за храна и земјоделство во Рим, учествуваа и претставници од училиштата, политиката, дипломатијата и Црквата.

„Да и се даде душа на душата“ со цел да ги одгледаме децата и да ги воспитаме за мир е непоходна цел – стои на траспарентот на „Фабриката за мир“, кој е претставен од страна на психологот Марија Рита Парси, која е промотор, заедно со претставниците од различни области, а иницијативата доаѓа од децата. Бидејќи – како што рече – децата се сегашноста и иднината, и на нив треба да им го предадеме сведокот на светот кој треба да биде во состојба на мир.

На прашањето зошто е изран зборот „фабрика“, Марија Рита истакна дека мирот треба да се гради тула по тула, а тулите на оваа фабрика се децата. Тие се вистинскиот изор на промената. Тие се оние кои можат да ја направат вистинската промена на срцето.

Токму децата ке бидат протагонистите во разговорот со Папата, во салата Павле VI – рече за Радио Ватикан отец Федерико Ломбарди, директор на Канцеларијата за печат при Светиот Престол. Папата секогаш е среќен ако може да разговара со нив, да се шегува со нив, да ги прими… Од голема важност е таа иницијатива за образованието да тргне од најмладите, од детските градинки, за да се почне да се образуваат за мирот според соодветните методи и да се поттикнуваат средби на децата кои живеат во различни услови, од различни нации, религии, како што се мноштво деца кои одаат во италијанските детски градинки – рече отец Ломбарди.

РВ/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот