Семејството е центарот на љубовта

Семејството е центарот на љубовта, која не отфрла никого – истакна Светиот Отец во пораката до учесниците на Првиот латинско-американски конгрес за семеен пасторал, кој под покровителство на Советот на бискупските конференции на Латинска Америка од 4 до 9 август 2014 година се одржува во Панама под мотото: Семејството и социјалниот развој за полнината на животот и мисионерското заедништво.

Што е семејство – прашува Светиот Отец на почетокот на пораката. Одговорот е јасен: Семејството е центарот на љубовта, во кое владее „законот на почитувањето и заедништвото“, способно да се спротивстви на световните „манипулации“. Семејството овозможува да се надмине „лажната спротивставеност помеѓу поединецот и општеството“; никој не е отфрлен во семејството, во него сите, старите и децата, се прифатени. Во семејството се раѓа културата на средба и дијалог, отварањето кон солидарноста и трансцеденцијата – истакна папата Фрањо.

Потоа Папата истакнува две посебни обележја на семејството: стабилноста и плодноста. Стабилноста произлегува од љубовта сѐ до смртта, таа го обликува основното ткиво на човечкото општество, му дава цврстина и поврзаност. Во однос на плодноста Папата објаснува дека во семејството се раѓа нов живот и благодарение на ширењето на хоризонтот на живеење се раѓа и нов свет – рече Папата.

И покрај очајот и поразите, можен е соживот заснован на почитување и доверба, бидејќи семејството, спротивно од матрејалистичкото сфаќање на светот, не го сведува човекот на стерилниот утилитаризам, туку го насочува и ги следи неговите најдлабоки желби. Семејството е – истакнува Папата – предмет и факт за евангелизација, во него човекот учи како да се отвори на Бог, во него верата се меша со мајчиното млеко. Семејната љубов со дадена вредност го оплеменува секое делување на мажот и жената – рече Светиот Отец.

Во заклучокот на пораката Папата потсетува на три клучни зборови кои треба да се негуваат во семејството односно извинете, благодарам и молам и ја моли Богородица Гвадалупска секое семејство да го направи извор на животот, хармонијата и верата. Пораката на Папата на отворањето на конгресот ја прочита монсињор Раул Мартин епископ на Санте Росе во Аргентина и преседател на Одделот за семејство, живот и млади при Советот на бискупските конференции на Латинска Америка (CELAM).

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот