Папата Фрањо донираше за погодените од земјотресот во Хрватска

Папата Фрањо донираше за погодените од земјотресот во Хрватска

На 11 јануари 2021 година Светиот Отец Фрањо преку Дикастеријата за унапредување на целосен човечки развој донираше 100.000 евра на Хрватски Каритас за жителите на подрачјето погодени од земјотресот во Бановина.

Уплатената донација е наменета за Хрватски Каритас за итна помош и поддршка на погоденото население. Дикастеријта ја уплати донацијата до Хрватскиот Каритас преку Апостолската нунцијатура во Република Хрватска, за која Апостолскиот нунциј монс. Џорџио Лингва го извести претседателот на Хрватски Каритас, монс. Божо Радоша.

к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот