Пророкот секогаш е човек на надеж

Пророкот секогаш е човек на надеж

Тврдоглави и необрезани по срцето и ушите! Вие секогаш Му се противевте на Светиот Дух – како татковците ваши, така и вие! Со ове зборови првиот маченик на Црквата го оптужи народот, старешините и книжниците кои го одвеле пред судот – истакна на 17 април 2018 година папата Фрањо за време на проповедта во домот Свети Марта и додаде: Имале затворено срце, не сакале да слушаат и веќе не се сеќавале на историјата на Израелот.

Како што претходно нивните татковци ги прогонувале пророците, така сега и страшените и книжниците, бесни во своето срце, се нафрлија на Стефан, го одвеле надвор од градот и почнале да го каменуваат – рече Папата и продолжи: Кога пророкот ќе ја открие вистината и ќе го допре срцето, срцето или се отвора или станува уште повеќе тврдо, па доаѓа лутината и прогонството, така завршува пророчкиот живот.

Непријатната вистина често пати не е лесно да се слуша – рече Светиот Отец и истакна: Пророците секогаш биле прогонувани, бидејќи ја зборувале вистината. Но за нас што претставува доказ, кога пророкот силно зборува, дека ја зборува вистината? Доказ е кога тој пророк е способен не само да зборува, туку и да плаче над народот кој ја напуштил вистината. Исус исто така од една страна ги укорува со остри зборови и вели „народ расипан и прељубодејствен“, а од друга страна плаче над Ерусалим. Тоа е доказ. Вистинскиот пророк е оној кој е способен да плаче над својот народ и да упати силни зборови кога тоа е потребно. Не е млак, секогаш е директен.

Вистинскиот пророк не е пророк на несреќа, туку пророк на надеж – рече папата Фрањо и напомена: Неговата задача е да ја отвори вратата, да ги лекува корените, да ја обновува припадноста кон Божјиот народ како би одел напред. Не му е задача да укорува, тој е човек на надеж. Укорува кога е потребно и широко ја отвора вратата гледајќи кон хоризонот на надежта. Но вистинскиот пророк, ако добро ја врши својата работа, го става својот живот во опасност.

Затоа Стефан умира пред очите на Савле, бидејќи е доследен на вистината – рече Папата и го потврди тоа цитирајќи еден од првите црковни оци: Крвта на мачениците е семе за христијаните“. Црквата има потреба од пророци. Сите треба да бидеме пророци. Не критичари, тоа е нешто друго. Да се биде критичен судија, на кој ништо не му одговара, тоа не е добро, тоа не е пророк. Пророк е онј кој моли, го гледа Бог и својот народ, чувствува болка кога народот ќе погреши, плаче, во сосотојба е да плаче за народот, но исто така да го вложи својот живот за да одговори на вистината. Во Црквата секогаш нека биде присутна прорчката служба како би чекорела напред – заврши Светиот Отец.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот