Папата: Светоста е патот за реформа на Црквата

Папата: Светоста е патот за реформа на Црквата

Секој христијанин е повикан на светост, на патот кој треба да се помине во духот на љубовта, внатрешна тишина и во херојство на надворешната тишина. Пример за тоа е блажен Антонио Росмини кој папата Фрањо го истакна на аудиенцијата со членовите на Институтот на милосрдието.

Секој христијанин е повикан на светост, на патот кој треба да се помине во духот на љубовта, внатрешна тишина и во херојство на надворешната тишина. Пример за тоа е блажен Антонио Росмини кој папата Фрањо го истакна на аудиенцијата со членовите на Институтот на милосрдието, монашко семејството кое во 1800 година го основа тој италијански свештеник и филозоф.

Членовите на спомнатата конгрегација се собраа на Генералen капитул кој ќе заврши до 23 октомври, на тема „Бидете совршени… бидете милосрдни.“ Станува збор за тоа –истакна Папата потсетувајќи на науката на основачот – во прв план да се стави радосната вест дека секој христијанин е повикан на светост, и тој пат да се премине заедно во љубовта.

Светоста и живеењето на добредетелите не е само за некои, а ниту за некои посебни моменти во животот – рече Светиот Отец. Сите можат да се живеат со секојдневната верност на христијанскиот повик, а богопосветените лица посебно со верното почитување на монашкиот повик. Во таа смисла блажен Росмини молел: „О, Боже испрати ни ги своите херои.“ Кај него било очигледно тоа што неодамна го истакнав во моту проприо „Majorem hac dilectionem“ (Поголема љубов од ова) за херојството на животот, односно за принесувањето на животот за другите сѐ до смртта. Светоста е патот до вистинските реформи на Црквата, како што Росмини добро воочил, го преобразува светот во таа мерка во која се реформира самата себе – рече Папата.

Милосрдието, внатрешната постојаност и светата рамнодушност

Милосрдието е добродетел над сѐ – зборувал свети Павле, а тоа го истакнувал и блажен Росмини, исто така нарекувајќи го своето монашко семејство Институт на милосрдието. Милосрдието тој свештеник го следел со силна внатрешна постојаност и смелоста во молчењето – рече папата Фрањо. Нека неговиот пример ве поттикне да напредувате во плодноста на внатрешната и во херојството на надворешната тишина. Тоа е пат кој донесува плодови на добра и светост, пат кој го поминале светците и кој Црквата го покажува на секој верник. Важно е исто така да ја сочувате „светата рамнодушност“ која вашиот основач ја преземал од свети Игнациј Лојолски; без неа не е можно да остварите вистинско општо милосрдие – рече Папата.

Бидете луѓе секогаш со испружени раце

Духовно, интелектуално и материјално милосрдие – го советувал блажен Росмини своето монашко семејство. Од тоа тргна папата Фрањо за да ги поттикне монасите и монахињите каритативните дела посебно денес да ги распоредат така што секогаш да го послушат Светиот Дух кој покажува каде, кога и како да сакаат. Од воспитното делување не правете едноставно образование, туку интелектуално милосрдие кое појдува од Исус Христос – објасни Папата и им препорача на монасите и монахињите да го усовршат апостолското присуство кое освен на подрачјето на САД и Европа, се шири и во Индија, Танзанија и Кенија.

Бидете луѓе секогаш со испружени раце кон оние кои страдаат за да им донесете помош во верата и љубовта – рече Папата и додаде: Посебно мислам на вашите собраќа и на сестрите розминијанки кои работат во Венецуела повикани да ја сведочат духовната и материјалната близина на многу искушуваниот народ.

Каризма отворена за служење на евангелизацијата

Папата Фрањо на крајот ги поттикна членовите на конгрегацијата на блажен Росмини внимателно да размислат за сопствената харизма, за сѐ повеќе да се отвораат за очекувањата на Црквата и светот, воочувајќи ги знаците на времето и понатаму да го навестуваат Евангелието сѐ повеќе вклучувајќи ги свештениците и лаиците кои сакаат да постигнат евангелско совршенство во заедништвото со нивниот институт.

Предлагајте го истрајното и долгорочно духовно и доктирнарно наследство кое сте го наследиле. Нека неизбежните тешкотии не ве обесхрабрат, туку нека ве поттикнат секогаш да се доверувате на Бог со радост и надеж да продолжите да го вршите посланието кое Он ви го доверил. Нека Светиот Дух ве направи живи средства на општото милосрдие во Црквата и во светот, способни да им помогнете на оние кои ги среќавате во својот апостолат за постојано да ја обновуваат надежта која не разочарува затоа што љубовта Божја е разлеана во срцата наши преку Светиот Дух кој ни е даден (Рим 5, 5) – истакна на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот