Монсињор Жељко Мајиќ е хиротонисан за бискуп на Бања Лука

Монсињор Жељко Мајиќ е хиротонисан за бискуп на Бања Лука

Во сабота на 2 март 2024 година, монсињор Жељко Мајиќ е хиротонисан за бискуп на Бања Лука за време на евхаристиското славење во катедралата Свети Бонавентура во Бања Лука.

Главен посветител беше врхбосанскиот надбискупот и митрополит монсињор Томо Вукшиќ, а сопосветители беа бањалучкиот бискуп во мирување монсињор Фрањо Комарица и мостарско-дувањскиот бискуп и апостолскиот управител на Требиње-мркањ, монсињор Петар Палиќ.

На почетокот поздравен говор одржа бањалучкиот бискуп во мирување монсињор Фрањо Комарица, а потоа Апостолскиот декрет за бискупското именување го прочита Апостолскиот нунциј во Босна и Херцеговина, монс. Френсис Асизи Чуликат, додека проповед одржа главниот посветител, монс. Томо Вукшиќ.

На крајот од светата Литургија на присутните им се обрати новио бискуп Мајиќ. „Потполно свесен дека доаѓам во бискупија која најмногу настрада во последната војна од сите локални цркви и верски заедници, не само во Босна и Херцеговина, благодарен сум на Бога што во оваа бискупија живеат добри верници кои имаат право на духовна грижа и светинска поткрепа. Во едно од интервјуата што ги дадов неодамна, на прашањето за мојата бискупска програма, реков: „Мојот проект ќе биде да бидам близок со свештениците и народот“.

Ватикан њуз/к.мк

Дон Жељко Мајиќ именуван за бискуп на Бањa Лука

Категорија: Вести, Свет

За авторот