Папата прими претставници на фондацијата Водафон
Светиот Отец посебно ја пофали иницијативата „Инстант училишта за Африка“ на фондацијата Водафон со која милиони деца во некои африкански држави ќе им се овозможи бесплатен онлајн пристап до алатки за учење.
Во текот на аудиенцијата во малата сала која е во склоп на салата Павле VI овластениот управител на фондацијата од Водафон на Светиот Отец му ја претстави иницијативата во присуство на околу четириесет директори на компанијата.
Посакувам успех на проектот кој многу ми се допаѓа; стимулирачки е, а денес треба да се стимулира и да се прават работи кои донесуваат напредок на човештвото, а не само да гледаат како паѓаат бомби на невини луѓе, деца, болни, цели градови. Треба да се гради, а не да се руши! Благодарам – рече Папата.
Градењето беше главниот збор во говорот на Папата. Со воодушевување ја прифати иницијативата на фондацијата Водафон која започнува на есен. ‘Рбетот на проектот е бесплатна помош на младите африканци кои не посетувале редовна настава во училиште. Милиони млади во Лесото, Демократска Република Конго, Гана, Кенија, Мозамбик и Танзанија вклучувајќи ги и бегалците ќе имаат онлајн пристап до алатки за учење. Иницијативата е подготвена во соработка со непрофитната организација „Learning Equality“ која нуди „open source“ решенија за онлајн учење.
Проектот се вклопува со програмата на јавните и приватните иницијативи чија цел е промовирање на свет кој ќе биде способен да понуди развојни можности за општествените групи на кои им се заканува исклучување – рече Папата предлагајќи младите да се запознаат со методолошките поими за да можат слободно и критички да ги користат понудените средства.
Папата не заборави да предупреди на важноста и на верската димензија, посака меѓу алатките за учење кои на младите им се ставаат на располагање да има и можност за пристап до светите текстови на разни религии, на разни јазици. Тоа е убав знак за внимателност на верската димензија, која е многу вкорената во африканските народи, исто така и поттик за меѓурелигиски дијалог.
Многу се важни „онлајни училиштата за Африка“ бидејќи според податоците на УНЕСКО за 2013 година 59 милиони деца од шест до единаесет години не посетувале училиште, а триесет милиони од нив живеат во суб-сахарска Африка. Книгите и енциклопедите за учениците ќе бидат достапни на таблет и компјутер, а на проектор за наставниците бесплатно по пат на Водафон мобилните мрежи и нејзините африкански подружници. Фондацијата Водафон ќе стапи во контакт со главните телефонски компании во разни земји повикувајќи ги да усвојат сличен пристап за да се донесе образование во срцето на Африка, против отров за сиромаштвото.
РВ/к.мк