Следната 2024 година ќе биде посветена на молитвата

Следната 2024 година ќе биде посветена на молитвата

Светиот Отец најави подготвителна година за јубилејот во 2025 година која ќе помогне да се поттикне „ едноставна молитва и во склад со Христовото срце“.

Папата Фрањо најави дека 2024 година, како подготовка за јубилејот 2025 година, ќе биде посветена на молитвата.

Ова го соопшти Папата на средбата со група ректори и вработени во Ватикан на 11 ноември 2023 година.

„Сакам следната година, како подготовка за јубилејот во 2025 година, да биде целосно посветена на молитвата. Следната година ќе биде посветена на молитвата“, им рече Светиот Отец.

Папата додаде дека ќе бидат објавени „прирачници“, кои ќе помогнат повторно да се открие централноста на молитвата. Ви ги препорачувам: ќе бидат добро четиво, кои ќе поттикнуваат на едноставна молитва и во склад со Христовото срце.

Светиот Отец повика на секојдневно обновување на „радоста и посветеноста“ да бидеме „молитвени мажи и жени“. Молитва што доаѓа од срце, а не како папагали. Не. Од срце. Нека Изговорените зборови нека доаѓаат од срце.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот