Папата Фрањо: Свети Пио X беше близок до луѓето кои страдаат

Папата Фрањо: Свети Пио X беше близок до луѓето кои страдаат

Папата Фрањо го напиша предговорот за новата книга за папата Свети Пио X од дон Лусио Бонора, службеник во Државниот секретаријат, во кој тој го истакнува папата од почетокот на 20 век заради длабочината на неговите катехези и неговото противење на Првата светска војна. Тој беше „благ и силен, понизен и јасен“ Папа.

Пио X беше Папата кој направи целата Црква да разбере дека без Евхаристијата и без прифаќањето на објавените вистини, личната вера слабее и умира – ова го истакнува папата Фрањо за неговиот претходник, папата Свети Пио X (1903-1914) во предговорот што го напиша за новата книга со наслов „Омаж за Пио X. Современи портрети“.

Книгата е напишана од дон Лусио Бонора, свештеник од италијанскиот град Тревизо – родното место на Пио X – и службеник во Државниот секретаријат на Ватикан.

Светиот Папа плачеше поради Светската војна

Во предговорот објавен во средата, папата Фрањо истакнува дека многу го цени Пио X и потсетува како во Буенос Аирес секоја година на неговиот празник, 21 август, се сретнувал со катехистите на надбискупијата. Уживав да поминувам време со оние кои се посветуваат на учење на децата и возрасните за вистините на верата, а Пио X отсекогаш бил познат како Папа на катехезата – напоменува папата Фрањо, додавајќи дека Пио X бил нежен, но силен Папа, понизен и јасен.

Освен тоа, како Исусовец, свети Пио X му е особено драг на папата Фрањо, бидејќи го одобрил основањето на Папскиот библиски институт во Рим кои го водат Исусовците со теолошки и духовни придобивки кои набрзо се прошириле во целата Црква.

Пио X исто така беше Папата кој плачеше на почетокот на [Првата] светска војна и ги молеше моќниците да го положат оружјето – напоменува папата Фрањо во предговорот и истакнува: Многу се чувствувам близок со него во овој трагичен момент за модерниот свет.

Близина до човештвото кое страда

Пио X беше Папа кој ја изразува својата близина со најмалите, сиромашните, оние во потреба, жртвите на земјотресите, оние во несоодветни услови и оние кои настрадаа поради природни катастрофи или живееја во сиромаштија – истакнува папата Фрањо и додава: Папата кој бил потсетник на пастирска грижа, како што го нарекол свети Иван XXIII, кога и дозволил на Венеција да ги почитува неговите посмртни останки во црквата Свети Марко пролетта 1959 година.

Папата Фрањо му се заблагодарува на дон Бонора за неговото долгогодишно истражување на животот на Пио X, истакнувајќи дека неговата посветеност и ентузијазам произлегуваат од текстот. Наследството на Свети Пио X и припаѓа на денешната Црква, на народот, на крстените од сите возрасти, кои сакаат да бидат верни на Евангелието и на своите пастири и кои ги чувствуваат светците како вистински примери во животот и како нивни искрени сопатници зад Исус и Евангелието – додава папата Фрањо и на крајот посака: Да живее Свети Пио X и да живее длабоко во срцето на денешната Црква!

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот