Папата Фрањо: Не треба да се плашиме од обнова на црковните структури

Ватикан, 6.7.2013 /к.мк/ – Да се биде христијанин не значи да се извршуваат одредени должности, туку да му се дозволи на Светиот Дух да те обнови, рече папата Фрањо во сабота 6 јули за време на светата Литургија во капелата на домот света Марта. Воедно тоа е последната света Литургија пред летната пауза, која ќе биде со пристуни групи во домот Света Марта. Папата истакна дека и во животот на Црквата постојат стари структури кој треба да се обноват без страв. На светата Литургија покрај останатите имаше присутни регрути од Швајцарската гарда.

Ново вино во нови мевови (Матеј, 9,14-17). Папата Фрањо во својата проповед говореше за обновата која Исус ја донесува со себе: „Исус ја збогатува и ја обновува науката за Законот, Исус сè прави ново“, рече Папата. Исус донесува „вистинска обнова на законот, истиот закон – но позрел, обновен“. Папата нагласува дека „Исусовите барања се поголеми и посилни од барањата на Законот“. Законот дозволува омраза кон непријателот. Исус ни вели дека за непријателите треба да се моли: тоа е Царството Божјо кое го навестува Исус. Обновата во прв ред се однесува на нашето срце. Папата предупредува дека често пати мислиме погрешно дека за да се биде христијанин треба да се исполнуваат одредени должности.

„Да се биде христијанин значи да му се дозволи на Исус да нè обнови со нов живот. Некој ќе каже; Јас ум добар христијанин, секоја недела од 11 до 12 сум на света Литургија, правам ова… правам она..“ Како да одржувам некоја колекција… Но христијанскиот живот не е колаж, колекција од предмети, туку хармонична целина, потполност која ја твори Светиот Дух. Тој сè обновува; го обновува нашето срце, нашиот живот и прави да живееме поинаку, опфаќајки ја полнината на животот. Не може да се биде делумно христијанин, од време на време (part-time). Таквото христијанство не е добро! Треба да се даде сè, полнина на своето време: а Духот е тој кој обновува. Да се биде христијанин не значи да се прави нешто – туку да се дозволи на Светиот Дух да те обнови, со Исусовите зборови; треба да се стане младо вино.

Новоста на Евангелието, додаде Папата „е новост, но според истиот закон даден во историјата на Спасението.“ А таа новост нè надминува, обновувајќи не нас и структурите. Затоа Исус вели дека за новото вино се потребни нови мевови.

„Во христијанскиот живот, па и во животот на Црквата, постојат структури, рушевини од структура: потребно е да се обноват! Црквата на тоа секогаш внимаваше во дијалогот со различните култури. Секогаш си дозволуваше обновување, согласно местата, времињата и луѓето. Тоа Црквата секогаш го правеше! Од најраните времиња: да се сетиме на првите теолошки расправии; за да се стане христијанин дали пред тоа треба да направи сè она што прават евреите? Не! Кажаа не! Паганите смеат да влезат такви какви што се: пагани… да влезат во заедницата на Црквата и да примат Крштение.

Тоа беше првата обнова на структурите… И така Црквата секогаш чекореше напред, дозволувајќи на Светиот Дух обнова на своите стрултури, структурите на Црквата. Од тоа не треба да се плашиме. Не треба да се палшиме од новоста на Евангелието! Не треба да се плашиме од новоста која Светиот Дух ја прави во нас! Да не се плашиме од обнова на структурите!“

Црквата е слободна: неа ја води Светиот Дух. Папата продложи, Евангелието на учи: тоа е слобода на пронаоѓање на новоста на Евангелието во нас, во нашиот живот, во нашите структури“. Папата ја истакна важноста да „се одберат нови мевови за таа новост.“ Христијанинот е слободен човек „ја уживаа таа слобода која ја дава Исус, не е роб на навиките и структурите … го носи Светиот Дух“. Папата потсети дека Богородица била заедно со учениците на Духовден, на Педесетница.

„А таму каде се наоѓа мајката, децата се сигурни! Сите деца! Да молиме за благодат да не се плашиме од новоста на евангелието, да не се плашиме од обновата на Светиот Дух, да не се плашиме да дозволиме да паднат оние рушевини од структури што нè заробуваат. Ако се плашиме; знаеме дека со нас е нашата Мајка и одиме кон неа, како плашливи деца, бидејќи според зборовите на антифонот – Марија нè чува, ! Таа нè чува со својот плашт, со мајчинската заштита“. Нека биде така. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<