Од проповедта на Папата: Суетата оддалечува од вистината

Да се чуваме од суетата која нè оддалечува од вистината. Христијаните и кога прават добро мора да се чуват од искушението дека сакат да „бидат видени“ – рече Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 25 септември во домот Света Марта. Ако „немаш нешто трајно ќе пропаднеш како и сите други работи“ истакна Папата, размислувајќи за делот од книгата Проповедник за суетата. Постои една опасност за луѓето на верата: Исус често ги опоменувал оние кои се фалат. На учителите на законот им зборувал дека не треба да „одат по плоштадите“ во „луксузна облека“ како „принцовите“. Кога се молиш – учи Исус – моли сокриено, во својата соба. Исто така кога даваш на сиромаси – не труби на цел глас, туку прави го тоа сокриено. Отецот тоа го гледа и тоа е доволно“ – потсети папата Фрањо.

Празен човек така прави: „Гледај го чекот што го дадов за делата во Црквата и тогаш го покажува чекот, а потоа мами во другиот дел на Црквата. Тоа е празно – да живееш за да бидеш виден. Кога постиш – вели Господ – те молам немој да бидеш огорчен или тажен, бидејќи сите ќе знаат дека постиш; не, пости со радост, прави покора радосно, никој да не го знае тоа. Тоа е суетата: да живееш за да бидеш виден“ – нагласи Светиот Отец и продолжи: Христијаните кои така живеат слични се на пауните. Како некој кој вели: Јас сум христијанин, родител на овој свештеник, на ова чесна сестра, на оној епископ, моето семејство е христијанско семејство – така фалејќи се. Но, Го имаш ли во својот живот Господ? Како се молиш? Како стоиш со делата на милосрдието во твојот живот? Посетуваш ли болни? Треба да го изградиме својот христијански живот на камен, на вистината. Фалбаџиите пак градат куќа на песок и таа се срушува, таквиот христијански живот се срушува, бидејќи не може да се спротивстави на искушенијата“ – рече Папата, продолжувајќи: „Колку христијани живеат за да бидат видени. Нивниот живот наликува на меур од сапун. Убаво е меурчето! Колку бои има! Но, трае само една секунда и што потоа? И кога гледаме некои погребни споменици да помислиме дека се празни, бидејќи во реалноста се враќаме во голата земја… Во меѓувреме, ќе сакаме ли да се фалиме или нешто ќе направиме? Нешто добро? Да го бараме Бог? Да молиме? Работи кои се трајни… Суетата е лажлива, фантазија, ги мами фалбаџиите, бидејќи првично прави дека е нешто, но на крајот кутриот и верува во тоа“ – истакна Папата.

А тоа се случило со Ирод четворовласникот, како што стои во денешното Евангелие, додека се распрашува за Исусовиот идентитет: суетата – сее немир и го одзема мирот. Како луѓе кои носат многу шминка и потоа се плашат дождот да не им ја измие. Суетата не дава мир; само вистината дава мир – нагласи уште еднаш Светиот Отец. „Ова искушение“ – продолжи е „демонско од ѓаволот е, кој исто така со суета го искушувал Исус во пустината… Суетата е силно сериозна духовна болест.“

„Оците во египетската пустина зборувале дека суетата е искушение против кое треба да се бориме цел живот, бидејќи секогаш се враќа за да ја одзеде вистината“ – продолжи Папата – „и за тоа да се сфати говореле: „суетата е како лук. Почнуваш денес да го лупиш и ја отстрануваш суетата денес, потоа малку суета утре и цел живот ја лупиш суетата за да ја победиш. И на крајот си задоволен: ја отстранив суетата, го оголив лукот, но мирисот и понатаму ти останува на рацете. Да молиме од Господ милост да не бидеме суетни, да бидеме искрени, со вистината за реалноста и Евангелието“ – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот