Папата повика на молитва за мир во Сирија

Папата повика на молитва за мир во Сирија

Папата Фрањо за време на Генералната аудиенција во средата, на 9 мај 2018 година повика на молитва за мир во Сирија.

Папата Фрањо за време на Генералната аудиенција поздравувајќи ги ходочасниците од арапскиот свет посебно тие од Блискиот Исток упати повик на молитва за мир во Сирија и во светот.

Драги браќа и сестри месец мај е посветен на Пресвета Богородица – рече Светиот Отец и продолжи: Ве повикувам да негувате побожност кон Мајка Божја со секојдневно молење на бројаница, молејќи на посебен начин за мир во Сирија и во целиот свет.

Потсетуваме дека Папата на 1 мај во римското светилиште „Божествената љубов“ ја предводеше молитвата Бројаница и во таа прила пред средновековната икона на Пресвета Богордица со Детето Исус молеше за мир во Сирија и во целиот свет.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот