Папата: Потребни се нови средства и начини за сведочење на евангелието во Азија

Папата: Потребни се нови средства и начини за сведочење на евангелието во Азија

По повод средбата на претседателите на Комисиите за наука на верата на бискупските конференции од Азија со претставници на Конгрегацијата за наука на верата во Бангкок, Тајланд, која се одржува од 15 до 18 јануари 2019 година, папата Фрањо упати порака до сите учесници.

Се сретнавте во Азија на големиот и разнолик континент, одбележан со верски, јазични и културни различности како би ја потврдиле нашата заедничка одговорност за единство и целосност на католичката вера, како и барање на нови средства и начини за сведочење на Еванеглието пред предизвиците на нашиот современ свет – напиша папата Фрањо.

Во апостолскиот поттик Evangelii Gaudium ја повикав целата Црква да оди напред – напиша Светиот Отец и истакна: Мило ми е што Конгрегацијата за наука на верата, имајќи ја во предвид важноста на Епископските конференции и посебно нивната комисија за наука на верата, се обраќам до пастирите на Црквата во Азија како би поттикнал плодна соработка и братска размена.

На крајот од пораката Папата изрази надеж дека таа средба ќе овозможи соочување со некои прашања кои се однесуваат на евангелието на Исус Христос, а кои посебно се важни за Азија, и на сите учесници да го подели својот благослов.

Оваа средба ја покажува желбата на Конгрегацијата за наука на верата да ги поддржи месните епископски конференции во нивното промовирање и заштита на науката на верата, имајќи ги во предвид посебните предизвици со кои денес треба да се соочи на азискиот континент – стои во соопштението на Конгрегацијата за наука на верата, која ја предводи префектот, кардинал Луиз Фернандо Ладарија.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот