Папата го прими во аудиенција претседателот на Словачка

Папата го прими во аудиенција претседателот на Словачка

Папата Фрањо на 14 декември 2018 година го прими во аудиенција претседателот на Република Словачка, Андреј Киска, кој потоа се сретна со државниот секретар, кардинал Пиетро Паролин и секретарот за односи со државите, надбискупот Паул Ричард Галагер.

За време на срдечниот разговор се истакнати добрите билатерални односи и придонесот на Католичката црква во словачкото општество, посебно на полето на воспитување и образование. Потоа е разговарано и за некои теми од заеднички интерес меѓу кои се климатските промени и прифаќањето на  мигрантите во светло на неодамнешните меѓународни средби.

На крајот е разговарано и за меѓународните односи, за мирот, безбедноста и соработката во Европа со поглед на словачкото претседателство со ОБСЕ во 2019 година

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот