Македонски Каритас учествува на Регионална конференција на Каритас Европа

Македонски Каритас учествува на Регионална конференција на Каритас Европа

Во Тбилси, Грузија од 7 до 9 мај 2018 година се одржа Регионална конференција 2018 на Каритас Европа, на која учество зеде и дитректорот на Македонски Каритас

На Конференцијата со тема: „Обединети во братството за поголема солидарност во Европа“ учествуваа претставници од 42 Каритас организации скоро од сите европски земји. На оваа конференција Македонски Каритас беше претставена од директорот дон Паво Шекерија.

За време на средбата е избрано ново раководство на Каритас Европа, кое должноста ќе ја преземе во мај 2019 година. Централна тема на конференцијата беше ангажираноста на младата сила во Каритас, во Католичката црква и во општеството. „Младите луѓе имаат одлучувачка улога. Тие не се иднина на нашите народи, тие се сегашност. Веќе сега, со своите соништа и своите животи го создаваат духот на Европа“ (папа Фрањо по повод примањето на признанието Charlemagne 2016).

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот