Првата медитација на Папата: Од отуѓеност до прослава

Светиот Отец по повод Јубилејот на свештениците предовдеше три медитации. Како тема за првата ја избра „Од отуѓеност до прослава“ и истакна дека милосрдието е динамична реалност; се состои од „искажување“ и „примање“ на милосрдие кое нè „соединува со Бог.“

На 2 јуни 2016 година по повод Јубилејот на свештениците и семинаристите, Светиот Отец предводеше три медитации во трите папски базилики: Свети Иван Латерански во 10.00 часот, Света Марија Велика во 1200 часот и Свети Павле надвор од ѕидините во 16.00 часот. Во твитeр порака на профилот @Pontifex повика на молитва за овој дел од Светата година на милосрдието посветен на милосрдието кој започна 01 јуни, а заврши на 3 јуни 2016 година.

Во првата медитација истакна дека ја опфаќа и женствената љубов на мајката која на новороденото дете му пружи сè што му е потребно да живее и расте, како и машката постојана верност на таткото, кој постојано поддржува, простува и ги поттикнува децата да растат. Милосрдието – рече Папата – е плод на сојузот, а истовремено е целосно чин на добрина. Размислувајќи за милосрдието увидуваме дека тоа е Божјото име.

„Ништо нè не обединува со Бог повеќе од чинот на милосрдието“

Напомена три патишта на класичниот мистицизам – патот на чистењето, просветлувањето и соединувањето – не се последователни фази кои еднаш засекогаш се поминуваат. „Никогаш не престанува нашата потреба за повторно преобраќање, длабока контемплација и поголема љубов. Ништо нè не соединува со Бог повеќе од чинот на милосрдието затоа што преку милосрдието Господ ни ги прости нашите гревови и ни дава милост да правиме дела на милосрдие во негово име“ – објасни.

Три конкретни совети за размислување

На свештениците им понуди три конкретни совети за нивното денешно размислување: да се задржат на она што ги допира, без потреба да брзат напред во молитвата; второ да имаат на ум како треба да искажуваат милосрдие (на шпански misericordiar), за да примат милосрдие (ser misericordiados); трето да молат за милост за свештениците да бидат сѐ поподготвени да примат и искажуваат милосрдие; а тоа вклучува – како што објасни – „преобраќање на нашиот институционален менталитет.“ „Ако нашите структури не се живи и насочени на отворањето на луѓето за Божјото милосрдие и искажување на милосрдие на другите, можат да се претворат во нешто многу бизарно“, дури и „контрапродуктивно.“

Напомена дека милосрдието е „динамично“ не именка со фиксно значење или описна придавка, туку „глагол – искажување милосрдие“ и „примање милосрдие“ – кое поттикнува на делување.“ Покрај тоа, тоа секогаш расте и се шири, преминувајќи од добро на подобро и од мало на поголемо. Милосрдието на Отецот – додаде – „нема кров или ѕидови, затоа што се раѓа од неговата суверена слобода.“

Од отуѓување до прослава

„Од отуѓување до прослава“ е темата која папата Фрањо ја избра за својот прв наговор, прашувајќи: „Каде денес е најпотребно Божјото милосрдие? Затоа предложи размислување за двата моменти од параболата за милосрдниот татко: загубениот син кој останал без ништо во свињарникот и кој си доаѓа на себе потсетувајќи се на татковиот дом и моментот кога таткото го прегрнува и облекува за прославата;“ „како нас, ако некогаш сме биле на исповед пред светата Литургија и тогаш изненадно сме се нашле облечени и среде прославата“ – рече Папата.

Ги поттикна свештениците да се задржат на тој момент на срамот и достоинството, замислувајќи го како „навирање на милосрдието како крвта.“ „Таа крв е Христовата крв, крвта на новиот и вечниот завет на милосрдието.“ Таа е „нашето единствено богатство, единствената работа која можеме да ја дадеме на светот: крв која прочистува и донесува мир во секоја реалност и на сите луѓе. Крвата Господова ги простува гревовите. Крвата која е вистинско питие затоа што нè буди и оживува она што умрело заради гревот.“

Плодна напнатост: грешници на кои им е вратено достоинството

„Важно е секој од нас да почувствува плодна напнатост која се раѓа од Господовото милосрдие: истовремено сме грешници на кои им е простено и грешници на кои им е вратено достоинството“ – рече Светиот Отец. Ние сме како Симон Петар помеѓу нашиот краен срам и нашето возвишено достоинство. Само милосрдието ја прави таа ситуација поднослива. Без милосрдието би поверувале во сопствената праведност или би се повлекле во сопствената недостојност.

Ништо помалку од бескрајното милосрдие на Христовото срце не може да биде лек за целото зло и за страдањето кое го гледаме во човечките животи – продолжи Папата. Милосрдието слободно се прифаќа или се отфрла. Може долго да се живее, не барајќи Божјо милосрдие свесно и на експлицитен начин. „Тогаш еден ден сфаќаме дека „сè е милосрдие“ и горко заплачуваме што тоа не сме го спознале порано кога најмногу ни било потребно.“ До таква морална беда доаѓаме за да ја почувствуваме жалоста заради гревовите и да постигнеме вистинско покајание. Ако тоа изостанува тогаш ни „недостига слобода да видиме како гревот влијае на целиот живот. Не ја препознаваме бедата и затоа го препуштаме милосрдието.“

Милосрдието не се искажува со „случаи“ туку со луѓе

Милосрдието делува така што ги „валка рацете“ – допира и се вклучува станува лично. Не приоѓа на „случаи“ туку на луѓето и на нивните болки. Милосрдието го воздигнува оној на кој помага; оној кој искажува и оној кој прима милосрдие, стануваат еднакви – рече папата Фрањо. Милосрдието не преминува преку објективната штета која ја направило злото, туку на злото му ја одзема моќта над иднината, над животот. Милосрдието е секогаш облечено со надеж. Знак дека сме влегле во милосрдието на Отецот е желбата ние самите да бидеме милосрдни кон другите.

Единствен начин како можеме да бидеме „изобилни“ во одговорот на Божјото изобилно милосрдие е да бидеме целосно отворени за неговото примање и споделување со другите. Преку милосрдието преминуваме од „отуѓеноста во прегратката“, од „отуѓеноста во прославата“ – рече Светиот Отец завршувајќи го својот прв наговор со молитвата од Псалм 50.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот