Папата Фрањо: Братството го победува насилството на оние кои богохулно го користат Божјото име

Папата Фрањо: Братството го победува насилството на оние кои богохулно го користат Божјото име

По повод 25 годишнината од атентатот извршен во седиштето на Здружението на израелска заемна помош во Аргентина, Папата упати писмо до здружението. Поминаа 25 години од таа трагедија – напиша Папата – како и првиот ден, секој 18 јули моето срце ги придружува семејствата на жртвите, Евреите и христијаните.

Безумно прекинување на животи и надежта во име на религијата е богохулно користење на Божјото име – напиша папата Фрањо во писмото упатено до Здружението на израелска заемна помош во Аргентина, чие седиште во Буенос Аирес пред 25 години е уништено во експлозија од автомобил бомба. При тоа загинаа 85 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Тоа се случи на 18 јули 1994 година. Тој тажен спомен приговара во совеста за правата и должностите на кои е повикано секое човечко битие како дел од големото човечко семејство.

Тоа е трагедија – стои во писмото упатено до тој еврејски центар, а го објави аргентинскиот печат – за кој што Папата никогаш не престана да моли. Како и првиот ден, секоја 18 јули моето срце ги придружува семејствата на жртвите, Евреите и христијаните. И од првиот ден го молам Бог за вечен покој на оние кои во тој безумен чин ги изгубија животите. Молам и за оние кои преживееја, носејќи ги од тогаш раните на телото и душата. Таа лудост всушност не е ограничена само на Аргентина – напиша Папата.

Таа трета светска војна во делови ги пореметува животите и идинината, покажувајќи го насекаде своето сурово лице. Не познава граници, го покажа своето сурово лице од Исток до Запад. Жените ги претвори во вдовици, синовите и ќерките во сираци и сето тоа во името Божјо, богохулно користејќи го Неговото име. Добро знаеме дека религијата не е таа која поттикнува и води војни, туку темнината во срцата на оние кои вршат неразумни дела – истакна Папата и меѓу другото го спомна чувството и одговорноста за братство, повик на кој Бог го повика секој од нас.

Бог нѐ повика да живееме заедно како браќа и тоа братство нѐ опфаќа и поврзува повеќе од било која географска или идеолошка граница. Сите заедно сме големо човечко семејство; таа свест дека сме браќа, вредноста за почит и поднесување, треба да ја пренесуваме на идните генерации. Сигурно е дека Бог нас нѐ создава еднакви по правата, но и во должностите и достоинството. За Него мирот не е само наше право, Неговото дело треба да биде и наша обрска. На овој 25 годишен спомен со вас сум и се молам за вас – пишува на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот