Папата: Треба да имаме срце за да ги видиме раните

Папата: Треба да имаме срце за да ги видиме раните

Папата Фрањо на 25 септември ги прими членовите на друштвото „Свети Петар“, кое во име на Папата се грижат за сиромашните во Рим. Тој ги поттикна храбро да одговорат на потребите на најсиромашните, посебно во ова време на пандемија.

Да се видат раните благодарејќи на срцето кое е отворено за потребите на другите и да се подадат рацете кои во братот не гледаат странец, туку просјак на љубовта – рече папата Фрањо до членовите на друштвото „Свети Петар“.

Тој ги охрабри присутните да продолжат со каритативните дела, секогаш внимателни и подготвени да одговорат на потребите на сиромашните и да бараат милост во личната и заедничка молитва.

Новите сиромаштва – според зборовите на Папата – се материјални, човечки и општествени. Но сиромаштвото обично е срамежливо, треба да се појде и да се открие каде е. Срцето пак треба да ги согледа и распзонае. Треба да знаеме да ги глеааме човечките рани со срцето како би го презеле на срце животот на другиот. Така тој не е само странец на кој му е потребна помош, туку ред сѐ е брат,

Ви благодарам затоа што сте конкретен знак на Папската љубов кои се грижат за сиромашните и за сиромаштвото. И сум ви благодарен за „Петровата пара“, која секоја година ја собирате во црквите на градот и кои денес ми ги предавате – рече на крајот Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот