Папата: Неприфатливо е оружјето и нафтата да вредат повеќе од човечкиот живот

По повод 88-то Пленарно собрание од Унијата за работа при Конгрегацијата за Источните Цркви, папата Фрањо се обрати до учесниците на истото собрание за помош и милост за мигрантите, особено оние од Блискиот Исток.

Настаните на Блискиот Исток, кои веќе со години е завиен во конфликти ни дозволуват да го почувствуваме ладното срце на човекот, кој се чини дека не престанува. Земјата во оваа област е покриена со стапките на оние кои бараат засолниште и натопена е со крв на безброј луѓе, од кои многу христијани се прогонети заради својата вера – рече папата Фрањо во својот говор до учесниците на 88-то Пленарно собрание од Унијата на организациите за помош на источните Цркви (РОАКО), при Конгрегацијата за Источните Цркви.

За време на неодамнешната посета во Ирак, како им рече Папата, во погледите кои бараат помош и молат за мир како и враќање во сопствените домови, почувствувавте дека ве гледа самиот Исус, барајќи ја онаа ефективна љубов која нас нѐ прави христијани. Секоја помош, со цел да не паднеме во потрага по обична ефикасност или пружање помош кои не промовират еден човек или народи, треба да се раѓа од овој Господов благослов, кој ни доаѓа кога храбро ќе се соочиме со реалноста и ги гледаме покрај себе своите браќа.

Да ги отвориме своите очи за да би ја виделе мизеријата на светот, раните на многу браќа и сестри лишени од достоинството и да се почувствуваме охрабрени да го слушнеме нивниот повик за помош. Нашите раце да ги примат нивните и да ги прегрнеме, за да ја почувствуваат топлината на нашата присутност, пријателство и братство. Нивниот повик да стане и наш и заедно да можеме да го срушиме ѕидот на рамнодушноста која често пати го крие лицемерието и егоизмот – потсети Папата на зборовите од булата Misericordiae vultus.

Иако се чини дека, во средината на драмата во последните неколку месеци, светот ги отвори очите за илјадагодишното присуство на христијаните на Блискиот Исток, неопходни се дополнителни напори за да се отстранат – како што рече папата Фрањо – премолчените договори, според кои животите на илјадници и илјадници жители на вагата на интересот вредат помалку од нафтата и оружјето и според кои се зборува за мирот и правдата, а во овие земји се толерира работењето на трговците на смртта.

Во Светата Земја и на Блискиот Исток, особено внимание посветете на Етиопија, Еритерија и Арменија, рече Папата, поттикнувајќи ги да им помогнат на древните христијански заедници од александриската традиција, геез јазикот; да се почуствуваат како учесници на евангелизациската мисија и особено на младите, да им понудат хоризонти на надежта и растот. Без тоа, напомена Папата, нема да се запре преливот на мигрантите кои многу животи ставаат во опасност.

Прими го, Цару, нашиот принос и за возврат дарувај ни спасение. Помири ги завојуваните земји, обнови ги запалените цркви со цел, по доаѓањето на големиот мир, би можеле од цвеќињата од целата земја да се исплете голема круна за Господ на мирот – заклучи Папата Фрањо со хвалоспевот од свети Ефрем.

РВ/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот