Ангел Господов: Исус ги лекува нашите срца ранети од недостаток на љубов

Ангел Господов: Исус ги лекува нашите срца ранети од недостаток на љубов

Само љубовта го лекува живот, не осудувајте ги другите – рече папата Фрањо пред молитвата Ангел Господов на плоштадот Свети Петар. Во Евангелието на денешната Литургија, Исус се среќава со нашите две најдраматични ситуации, а тоа се смртта и болеста (Марко 5,21-43) – рече Папата и потсети: Од нив Тој ослободи две лица; девојче кое почина токму кога нејзиниот нејзиниот татко отиде да го замоли Исус за помош; и жена која крвареше со години. Исус дозволува да го допре нашата болест и смртт и ни дава два знаци на оздравување, за да ни каже дека ниту болеста, ниту смртта го немаат последниот збор. Тој ни кажува дека смртта не е крај. Го победува тој непријател од кој не можеме сами да се ослободиме.

Сепак, да се фокусираме, во ова време кога болеста е сè уште главна вест, на другиот знак, односно на оздравувањето на жената – поттикна Светиот Отец и рече: Повеќе од нејзиното здравје, загрозени се нејзините чувства; губи крв и затоа ја сметале за нечиста во согласност со менталитетот од тоа време. Значи, таа била маргинализирана, не можела да има стабилна врска, сопруг, семејство и нормални социјални односи. Живеела сама, со рането срце. Најголемата болест на животот е недостатокот на љубов, односно неможноста да се сака. Најважното оздравување е емоционално оздравување. Но, како да го најдете?

Настанот за таа безимена жена, во која сите можеме да се препознаеме, може да биде пример за нас – рече папата Фрањо и продолжи: Евангелието вели дека многу се лекувала, бескорисно трошејќи го целиот свој имот, всушност, нејзината состојба се влошила. Колку пати прибегнуваме кон погрешни лекови за да го ублажиме недостатокот на љубов? Мислиме дека успехот и парите ќе нѐ направат среќни, но љубовта не може да се купи. Се свртуваме кон виртуелното, но љубовта е конкретна. Не се прифаќаме такви какви што сме и се криеме зад триковите на надворешноста; но љубовта не е привид.

Бараме решенија од волшебници и гуруа, за подоцна да останеме без пари и мир, како таа жена – рече Папата и забележа: Конечно, таа го избра Исус и се фрли во толпата за да ја допре неговата наметка. Всушност, оваа жена барала директен, физички контакт со Исус. Особено во ова време, сфативме колку се важни контактите и односите. Тоа важи и во односот со Исус; понекогаш сме задоволни да извршуваме некои заповеди и да повторуваме молитви, но Господ очекува од нас да го сретнеме, да му го отвориме срцето и како таа жена, да ја допреме неговата наметка, за да се излекуваме. Влегувањето во близок однос со него ги лекува нашите чувства.

Тоа е она што го сака Исус – рече Светиот Отец и додаде: Имено, и покрај тоа што мноштвото го пристискаше, видовме како погледна наназад, барајќи кој го допре. Тоа е Исусовиот поглед; имаше многу луѓе, но тој бараше едно лице, едно срце полно со вера. Тој не гледаше во целина, туку во личноста. Не застана на раните и гревовите од минатото, туку ги одмина гревовите и предрасудите; не застана на надворешноста, туку погледна во срцето. Ја излекува токму неа, која сите ја отфрлија. Нежно ја нарече „ќерко“ и ја пофали нејзината вера, враќајќи и ја самодовербата.

Дозволете му на Исус да го погледне и излекува вашето срце. Ако веќе на себе сте го почувствувале Неговиот нежен поглед, имитирајте го, однесувајте се како Него. Погледнете околу вас, ќе видите дека многу луѓе кои живеат покрај вас се чувствуваат повредено и осамено и имаат потреба да се чувствуваат сакани. Исус бара од вас поглед кој не запира на надворешноста, туку гледа во срцето, поглед кој не осудува, туку прифаќа, бидејќи само љубовта го лечи животот. Нека Богородица, Утешителка на тажните, ни помогне да им донесеме нежност на ранетите во срцето, кои ги сретнуваме на нашиот пат – рече на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот