Нееднаквоста во светот е во пораст

Нееднаквоста во светот е во пораст

На 2 октомври 2017 година, надбискупот Бернардито Ауза, постојаниот набљудувач на Светиот Престол при канцеларијата на Обединетите нации во Њујорк, се обрати на Генерлното собрание на ООН, на кое се расправаше по прашањето за општествениот развој.

И покрај остварениот напредок во искоренувањето на сиромаштвото, а кое е попратено со обновен економски раст, технолошки напредок и ветувачки меѓународни договори како Агендата 2030 за одржлив развој и Њујуршката декларација за бегалците и мигрантите, нееднаквоста во светот и понатаму расте со голем број луѓе кои страдаат заради глад, како и оние кои се исклучуваат – рече во понеделникот, на 2 октомври 2017 година, надбискупот Бернардито Ауза, постојаниот набљудувач на Светиот Престол при канцеларијата на Обединетите нации во Њујорк, во своето обраќање при Генерлното собрание на ООН, на кое се расправаше по прашањето за општествениот развој.

Апостолскиот нунциј рече, да се фокусираш на интегралниот човеков развој значи да ги преиспитаме нашите сфаќања за целите на меѓународната економија. Како што истакна папата Фрањо во својата енциклика „Лаудато Си“ – продолжи надбискупот Ауза – не може повеќе кон живите битија да се однесуваме како кон голи предмети кои се подложени на произволното човеково господарење… (бидејќи) таквиот поглед „моќта е право“ доведе до неизмерна нееднаквост, неправда и чин на насилство насочени против поголемиот дел на човештвото, бидејќи ресурсите завршуваат во рацете на оние кои први до нив доаѓаат или до оние најмоќните (ЛС 82).

Наместо тоа, светската економија треба да тежнее кон тоа да ги користи сите, како материјално, така и духовно – истакна ватиканскиот дипломат. Тоа ја вклучува културата на средба, работа со сиромашните, средби и разговори со ранливите во нашето општество. Накратко, тоа значи да се ставаат луѓето на прво место.

Критикувајќи го сегашниот економски модел, надбискупот Ауза рече дека тој модел дава предност на успехот и доволноста пред заедницата. Потребни се политики како и вложувања за зацврстување на ранливите, засилување на природните заедници и помагање на маргинализираните за да се избегне исклучување. Не можеме да ги сведеме потребите на отфрлените и исклучените само на економски поими – истакна апостолскиот нунциј.

Во таа смисла надбискупот Ауза го истакна примерот на старите луѓе како и оние со инвалидитет кои се соочуваат со најтешките облици на дискриминација и насилство. Вложувањето во безбедносните мрежи како здравствената нега, пензиските фондови и семејната грижа е клучно во намалувањето на ранливоста на оние кои се наоѓаат во најнеповолна положба – истакна ватиканскиот дипломат.

Според мислењето на апостолскиот нунциј, општествениот развој исто така значи достоинствена работа за младите луѓе. Потсети на зборовите на Папата од енцикликата „Лаудато Си“: Работата е неопходност, дел од смислата на животот на ова земја, пат на созревање, човеков развој и лично остварување (ЛС 128). Затоа повика на воведување на политики кои ќе стимулираат практиканти и ќе овозможат мали заеми и можности, посебно за младите жени и адолесцентите. Надбискупот Ауза исто така повика на почитување на човековите права на мигрантите и бегалците и да им се овозможат основните услуги, вклучувајќи примарна здравствена заштита, како и образование за децата.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот