Папата на Велики Петок го предводеше Обредот Страдања Господови

Папата на Велики Петок го предводеше  Обредот Страдања Господови

Папата Фрањо на Велики Петок, 29 март 2024 година, го предводеше обредот на Велики Петок во базиликата Свети Петар, во присуство на 4.500 верници. Велики Петок е единствениот ден во литургиската година кога не се служи Света Литургија, туку Црквата тогаш размислува за страдањето и смртта Господова.

По објавувањето на страдањата, проповед одржа кардиналот Раниеро Канталамеса, проповедник на Папскиот дом, поаѓајќи од зборовите на Исус од евангелие според Иван: „Кога ќе Го издигнете Синот Човечки, тогаш ќе узнаете дека сум Јас“ (Иван 8,28). На крстот, Исус го почитува слободниот избор на луѓето и избира да се поништи себеси; поука за можниците на земјата – рече кардинал Канталамеса.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот