Папата го прими претседателот на Меѓународниот кривичен суд

Папата го прими претседателот на Меѓународниот кривичен суд

Во четвртокот 3 септември 2020 година во Ватикан папата Фрањо го прими во приватна аудиенција претседателот на Меѓународниот кривичен суд (ICC) Чилеа Ебое-Осуји.

Канцеларијата за печат на Светиот Престол не објави поединости од средбата. Ебое-Осуји е претседател на судот во Хаг од март 2018. Светиот Престол таа институција ја поддржува од самиот почетокот од 1998 годин и има статус на постојан набљудувач.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот