Папата: Мир за маченичката Украина, за народите измачени од војна

Папата: Мир за маченичката Украина, за народите измачени од војна

Поздравувајќи ги ходочасниците по молитвата Ангел Господов, на празникот на првомаченикот во историјата на Црквата, Папата повторно повика на прекин на конфликтот: „Тука има многу украински знамиња! Да молиме за мир за тој маченички народ!“

Мир за маченичката Украина – Папата Фрањо уште еднаш, на празникот Свети Стефан, првомаченик, 26 декември 2022 година – како што рече – во духовното расположение на радост и ведрина на Светиот Божик, ги поздрави поклониците по молитвата Ангел Господов, насочувајќи го неговиот поглед кон бројните украински знамиња што се веат на плоштадот Свети Петар, повика на мир за таа земја опустошена од војна.

Мир во семејствата, мир во парохиите и верските заедници, мир во движењата и здруженијата, мир за народите настрадани од војна, мир за милата и напатена Украина. Овде има многу украински знамиња! Да молиме за мир за тој измачен народ!

Напади на Божиќ

Во меѓувреме, на Божиќ беа пријавени повеќе од 40 ракетни напади. Ова го соопштија вооружените сили на Киев, кои исто така посочуваат дека претседателот Путин ден претходно изјавил дека е подготвен да преговара. Десетици градови во регионите Луганск, Доњецк, Харков, Керсон и Запорожје се цел на руската војска. Три лица загинаа во напад на украинско беспилотно летало на воен аеродром во руската област Саратов, кој беше спречен од воздушната одбрана на Москва, но остатоците погодија и усмртија тројца припадници на руската техничка служба на аеродромот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот