Започна 25. седница на Кардиналскиот совет

Започна 25. седница на Кардиналскиот совет

Кардиналскиот совет кој му помага на папата Фрањо во реформата на Куријата и со управувањето на Црквата на 11 јуни во Ватикан  ја започна 25. седница

На 11 јуни претпладне во присуство на папата Фрањо започна 25. седница на Кардиналскиот совет, кој ќе трае до 13 јуни. Минатиот состанок, кој се одржа од 23-25 април во поголем дел беше посветен на повторно разгледување на нацрт новата Апостолска конституција за Римската курија. При тоа посебно внимание е посветено на Куријата во служба на Светиот Отец и партикуларните Цркви; потоа пасторалниот белег на куриските активности, формирање и делување на Третото одделение на Државниот секретаријат, кој ќе има точно одредени задачи, и на крајот навестување на Евангелието  и мисионерскиот дух како поглед кој ја одбележува активноста на целата Црква.

На крајот од седницата во април, монс. Лусио А. Руиз, секреттар на Секретаријатот за комуникација ги информира кардиналите за текот на реформите во ватиканскииот комуникациски систем.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот