Генерална аудиенција: Почитувањето на законот мора да доведе до вера во живиот Христос

Генерална аудиенција: Почитувањето на законот мора да доведе до вера во живиот Христос

Размислувајќи за улогата на Законот и заповедите за христијаните на Генералната аудиенција во среда 18 авгут 2021 година, врз основа на Посланието на Апостол Павле до Галатјаните, Светиот Отец истакна дека вредноста на законот лежи во фактот што води до средба со Христа. Катехезата на папата ја пренесуваме во целост.

Драги браќа и сестри, добар ден!

Свети Павле, кој многу го сакаше Исус Христос и кој добро разбра што е спасение, нѐ научи дека сме „чеда на ветувањето“ (Гал 4,28) – односно сите ние сме оправдани со Исус Христос – не сме под јаремот на засолниште, туку сме повикани на тежок начин на живот со слобода преку Евангелието. Законот сепак постои. Но постои на друг начин: самиот Закон, Десетте заповеди, но на поинаков начин, бидејќи не може да се оправда сам себе кога веќе дојде Господ Исус. И затоа во денешната катехеза тоа сакам да го објаснам. Се прашуваме: која е, според Посланието до Галатјаните, улогата на Законот? Во одломката која ја слушнавме, Павле тврди дека Законот бил како некој воспитувач. Тоа е прекрасна слика, тоа е слика на воспитувач за кој зборувавме на последната аудиенција, слика што заслужува да се сфати во своето вистинско значење.

Апостолот како да им сугерира на христијаните да ја поделат историјата на спасението, па дури и нивната лична историја на два дела. Постојат два моменти: пред да поверуваат во Исус Христос и откако ја примаа верата. Во центар е настанот на Исусовата смрт и воскресение, за кое Павле проповедаше за да ја разбуди верата во Синот Божји, изворот на спасението, а сме оправдани во Христа Исуса. Оправдани сме со бесплатноста на верата во Христа Исуса. Оттука, почнувајќи од верата во Христа, постои едно „пред“ и едно „потоа“ во однос на Законот, бидејќи законот постои, заповедите постојат, но има еден став пред доаѓањето на Исус и по доаѓањето на Исус. Историјата која претходеше беше одредена со подложување на Законот. И секој што одеше по патот на Законот, се спасуваше, беше оправдан; историјата која потоа следува – по доаѓањето на Исус – треба да се живее по Светиот Дух (сп. Гал 5,25). Ова е првпат Павле да го користи терминот: да се биде „под закон“. Значењето кое се крие во овој израз го вклучува поимот негативна подложност, карактеристична за робовите: „да се биде подложен“. Апостолот го објаснува ова на начин така што кога некој е „под Законот“ како да е „надгледуван“ и „заплашен“, тоа е еден вид превентивен надзор. Тоа време, вели Павле, траело долго – од Мојсеј до доаѓањето на Исус – и траело толку долго додека се живее во грев.

Односот помеѓу Законот и гревот Апостолот во своето Послание до Римјаните го образложува на посистематски начин напишано неколку години по Посланието до Галатјаните. Накратко, Законот води кон дефинирање на престапот и преку него луѓето стануваат свесни за сопствениот грев: „Зашто, кога живеевме во телото, тогаш страстите гревовни, преку Законот, дејствуваа во органите, за да ѝ принесеме плод на смртта; но сега, кога за Законот умревме, преку кого бевме сврзани, ние се ослободивме од него, за да Му служиме на Бога со обновен дух, а не според старата буква“(7, 5-6). Зошто? Затоа што дојде оправдувањето на Исус Христос. Павле на следниот начин го поткрепува своето гледање на Законот: „Осилката на смртта е гревот, а силата на гревот е Законот“ (1. Коринтјаните 15,56). Да го претставиме ова во форма на дијалог: Дали си под Законот? Таму вратата ти е отворена за гревот.

Во овој контекст ја придобива својата потполна педагошка улога која ја има законот. Законот е воспитувач, тој те води, но каде? Кај Исус. Во образовниот систем во античко време, воспитувачот ја немал улогата која му се доделува денес, односно улогата за поддршка во образованието на момчето или девојчето. Во тоа време бил роб чија задача била да го придружува детето на господарот кај учителот, а подоцна да го врати дома. Морал да го заштити од опасност, да се грижи за него за да не се однесува лошо. Неговата улога била повеќе дисциплинска. Кога момчето ќе пораснало, воспитувачот престанувал да ја извршува таа своја задача. Воспитувачот за кој се осврнува Павле не бил учител, туку оној што го придружува до училиште, будно внимава на момчето и го води дома.

Повикувањето на Законот во оваа смисла му овозможува на Свети Павле да ја разјасни улогата што ја одиграл во историјата на Израелот. Тората, односно Законот, бил Господов чин на добрина кон својот народ. По изборот на Авраам, вториот голем чин бил Законот: да се утврди патот кој води напред. Секако имал ограничувачки улоги, но во исто време ги штител луѓето, ги образувал, ги дисциплинирал и го поддржувал во нивната слабост, ги штител првенствено од паганството; во тоа време имало многу пагански ставови. Тората вели: Еден е единиот Бог и Тој нѐ поведе на патот. Тоа е Господовиот чин на добрина. И, секако, како што реков, тој имаше ограничувачки улоги, но во исто време ги штитеше луѓето, ги образуваше, дисциплинираше и ги поддржуваше во нивната слабост. Затоа Апостолот подолу ја опишува возраста на доенчето. И вели: Но ви велам: наследникот, додека е млад, со ништо не се разликува од робот, макар што е господар над сè; туку е под настојници и чувари до определениот рок од татка си. Па така и ние, додека бевме малолетни,бевме поробени од стихиите на светот“ (Галатјаните 4,1-3). Накратко, Апостолот е убеден дека Законот сигурно има позитивна улога – како воспитувач кој го придружува штитеникот во неговиот напредок – но тоа е улога која временски е ограничена. Неговото времетраење не може да се продолжува преку секоја мерка, бидејќи е поврзано со созревањето на поединците и неговиот избор на слобода. Откако еднаш ќе се достигне верата, Законот ја исцрпува својата пропедевтска вредност и мора да отстапи место на друг авторитет. Што значи тоа? Дека после Законот можеме да кажеме:  „Веруваме во Исус Христос и правиме што сакаме?“ Секако дека не! Заповедите постојат, но тие не нѐ оправдуваат. Исус Христос е оној што нѐ оправдува. Заповедите мора да се одржуваат, но тие не ни даваат правда; тука е бесплатноста на Исус Христос, средбата со Исус Христос кој бесплатно нѐ оправдува. Заслугата на верата е примање на Исус. Единствената заслуга е  отворање на срцето. А што правиме со заповедите? Мора да ги одржуваме, но како помош за средбата со Исус Христос.

Ова учење за вредноста на законот е многу важно и заслужува внимателно да се разгледа за да не доведе до недоразбирања и за да не се направат погрешни чекори. Добро е да се запрашаме дали сѐ уште живееме во период во кој ни е потребен Законот или напротив целосно сме свесни дека сме ја добиле благодатта да станеме Божји деца за да би живееле во љубов. Како живеам? Со страв, ако не правам така дека ќе завршам во пекол? Или живеам во надеж, во радост за бесплатноста на спасението во Исус Христос? Тоа е добро прашање. Има и друго прашање: дали ги занемарувам заповедите? Не. Се држам до нив, но не како апсолутни, бидејќи знам дека Исус Христос ме оправдува.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот