Папата: Бог чекори по прашинливите патишта на нашиот живот

Папата: Бог чекори по прашинливите патишта на нашиот живот

Бог чекори по прашинливите патишта на нашиот живот, и познавајќи го нашиот вознемирен копнеж за љубов и среќа нè повикува на радост – напиша папата Фрањо во својата порака која ја објави на Твитер, на 5 јануари 2018 година.

А како што е истакнато во пораката за 55. Светски ден на молитва за духовни звања, кој се одбележува на 22 април ова година, ние не сме плод на случајноста и човечкиот живот не е серија неповрзани настани; напротив нашиот живот и присуството на овој свет се плод на Божјиот повик. И во овие наши немирни времиња – продолжува Папата – таинството на овоплотувањето нè потсетува дека Бог постојано ни доаѓа во пресрет. Во различноста и специфичнста на секој личен и црковен повик постои потребата за слушање, расудување и живеење на ова Слово кое нè повикува одозгора и додека ни овозможува да ги оплодиме нашите таленти, нè прави воедно алтки за спасение во светот и ги управува нашите чекори кон полнотата на среќата.

Господ повикува да Го следиме – вели меѓу останатото Светиот Отец и продолжува: Не смееме да чекаме за да бидеме совршени за да одговориме со своето великодушно „да“, ниту да се плашиме од своите ограничувања и од своите гревови. Мораме напротив да ги отвориме своите срца за Господовиот глас. Мораме да го слушаме тој глас, да го препознаеме нашето лично послание во Црквата и светот, и на крајот да го живееме во денешниот час кој Бог ни го дава. Нека Прсвета Марија, младата девојка од периферијата која го слушала, го прифатила и го живеела Божјото Слово, кое стана Тело, нè чува и постојано следи на нашиот пат – порача на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот